Вегански анти – песимизам

Дали чашата е полу празна или полу полна? Навистина чудно, но одговорот може да лежи во тоа колку зеленчук јадете преку ден.

Испадна дека јадењето на повеќе зеленчук не само што ви помага во борбата против болештините, за да имате подобра кожа и коса туку и влијае на вашиот оптимистички став спрема работите.

Според нова студија на „Харвардската школа за Јавно Здравје” , луѓето кои се сметаат себеси за оптимисти имале 13% повисоки нивоа на каротеноиди (растителен пигмент кои ги има во спанаќот, морковите, тиквата итн.) во споредба со оние кои се сметале како песимисти.

Студијата вели дека луѓето треба да консумираат повеќе од три порции на зеленчук за да бидат пооптимистички настроени.

Но, сепак, зеленчукот е само дел од равенката бидејќи оние испитаници кои јаделе повеќе зеленчук исто така воделе далеку поздрав начин на живот, па вртењето само кон морковите и зелките нема голема шанса да ви го поправи песимизмот, освен ако не почнете поактивно и здраво да живеете во целост.