Три природни начини за смирување на гласниот ум

Го затворив ли прозорот? Зошто шефот ме отпоздрави со необичен тон? Дали Џон Сноу е мртов? Што да подготвам утре за ручек? Ако мака мачите навечер за да го стишите умот од прашања или стигнувате до некоја многуцифрена бројка на овци, ова се три природни начини за да заспиете полесно и послатко…

Само мозокот да имаше копче за вклучување и исклучување, креветот ќе беше многу поубаво место за една група проблематични спијачи. Студиите сугерираат дека некои луѓе едноставно имаат хиперактивен мозок со натпросечна активност што постојано брмчи со прашања од секојдневниот живот. 

За разлика од лековите што се препорачуваат за инсомнија, кои често доаѓаат со пропратни несакани ефекти, неколку природни начини може да помогнат во смирување на умот пред да легнете во кревет.

ВАЛЕРИЈАНА

Коренот на ова растение е познат уште од античко време како лек против несоница. За валеријаната се смета дека благо го зголемува нивото на смирувачки медијатори во мозокот и на тој начин придонесува за полесен сон.

Најчесто ќе ја најдете како чај или пак во вид на суплемет. Во секој случај препорачано е да се консумира два до три часа пред да си легнете. Инаку постојат студии кои докажуваат дека валеријаната е ефикасен хербален препарат, но доколку се консумира во контунуитет, што ја прави непогодна за итни ситуации.

МЕЛАТОНИН

Главен фактор во телото кој прави да ви се „дремка“ и на некој начин регулатор на вашиот циркадиски ритам. Кога заоѓа сонцето, доаѓа до зголемено лачење на мелатонин како припрема за спиење, но бидејќи сме опкружени со сијалици, светилки, екрани, таблети телефони и најразни стимуланси, доаѓа до намалено лачење.

Додатокот на овој хормон во вид на суплемент, може да биде одличен начин да го потсетите телото и бучниот мозок дека е време за спиење. Најчеста доза е 1-3 мг еден час пред спиење, но можете да се консултирате со вашиот лекар која доза би била најсоодветна за вас. 

Се препорачува за луѓе кои често патуваат и тешко се адаптираат, луѓе кои работат во смени и оние погоре спомнатите хиперактивни мозоци.

 

КАМИЛИЦА

Првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе се спомне чај и смирување. Чајот од камилица токму тој ефект го има врз нервниот ситем. Секогаш кога планирате да го користите како прва помош за заспивање, купувајте висококвалитетен чај или набавете си сушени цветови од пазарче. Со малку мед и лимон може да биде вистинска топла и смирувачка „прегратка“ пред да си легнете.

Се препорачува во случаи каде проблемот со стишувањето на умот е во некоја поблага форма. Исто така во аптеките може да пронајдете и екстракт од камилица кој ја има истата блага седативна способност.


 ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЧАЈОТ КАКО АНТИСТРЕС ЗА БЕРЕЊЕ 


 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија