Наслов

Топ 10 диети за 2013

Заокружени најпребаруваните диети за оваа година година. Извлекуваме интересен и позитивен заклучок...

За разлика од 2012 кога најпребарувани беа диетите со хранење преку цевчиња или кетогени диети, оваа година светот изгледа далеку позаинтересирано за подобро оформените планови на исхрана со акцент на полнозрнеста, органска храна и повеќе нутритивни варијатети. Палците горе, за нова и уште поздрава 2014

Почнуваме од број 10:

10. Флекситаријанство - Оваа диета дава предност на вегетаријанскиот начин на исхрана, но сепак е флексибилна кога станува збор за парче бело пилешко или риба. Со други зборови ова се кежуал вегетаријанци кои си одбрале многу балансирана и здрава диета.


9. Пескетаријанство - Исто заснована на вегетаријанството, но оваа диета вклучува консумирање на риба и други организми кои живеат во водна средина. Иако е многу здрав начин на исхрана, сепак сите што го практикуваат мора да обратат внимание на живатаво рибиното месо.

8. Фруктаријанство - Такви кои јадат само овошје постоеле од секогаш, но во последно време медиумите одлично го испромовираа фруктаријанството или уште познато како диета 80:10:10, а Instagram остана преплавен со слики од овошни појадоци. Далку од здрава, оваа диета лишува од есенцијални масни киселини и протеини.

7. Сештојадна диета - Ова е всушност начинот на исхрана кој најчесто се применува во хуманата популација. Омиворите се хранат и со растителни и со животински производи. Ако правилно се балансира и се бираат здрави продукти е одлична и здрава диета која одговара за нашиот организам.


6. Окинава диета-  Јапонците имаат најголеми шанси да ја поминат стотката, а некои од нив да дочекаат ваква листа и во 2113 година. Ако ова диета не ви го продолжи животот, сигурно нема ни да ви го скрати, затоа што се состои од зеленчук, тофу, легуминози, масна риба и „му пишува крст“ на алкохолот и слатките.

5. Кетогена диета - Првобитно развиена за болни од епилепсија, оваа диета стана хит меѓу сите кои сакаат да им се скараат на јаглехидратите. Поентата е телото да се доведе до состојба на кетоза, кога кетоните промовираат согорување на енергија од масното ткиво. Дизајнирана е за да биде под контрола на професионалци и не се препорачува во домашни услови, а понекогаш може да резултира и со покачување на холестеролот и хронична опстипација.

4. Диета со јаворов сируп - Оваа диета треба да се забрани со закон. Подразбира замена на секој оброк со свежо подготвен сок од вода, лимон, црвен пипер и јаворов сируп. Иако толку гласно се говореше од последиците и јојо ефектот кај оваа диета, сепак дури и некои познати личности ја промовираа и еве ја повторно меѓу најпребаруваните.

3. Медитеранска диета - Одлично балансирана комбинација од полинезаситени масни киселини, зеленук, јатки, легуминози, семиња и свежо овошје. Оваа диета, по примерот на медитеранските култури, се поврзува со долговечност и виталност. Уште да имавме море...

2. Прочистување со џус - Од 3 до 14 дена се пијат само цедени или блендирани овошје и зеленчук. Оваа диета нема никакви научни докази за поткрепа, напротив многу докази има за нејзиниот краткотраен ефект.


1. Палео диета - И диета на годината е диетата од каменото време. Исклучиво прехрана со свежо месо, риба, овошје и зеленчук и комплетно избегнување на аграрните производи како житарки, млеко и млечни производи, легуминози, сол, шеќер и сите останати процесирани производи е начин кој го прифатија многу бодибилдери и кросфитери. И додека се уште се расправа дали навистина оваа диета ја следи исхраната на Кромањонците, можеме по нешто неоспорно да прифатиме од нејзе - храната е најдобра во својата природна состојба. 

 

19 Декември 2013

За авторот