Тенок копар ама дебел бенефит

Највкусниот додаток за таратур, кисели краставички и риба дава и многу лековити придобивки.

Во свежа форма е достапен преку целото лето, а на зима можете да го најдете во сушена форма во сите маркети. Неговите уникатни здравствени бенефити потекнуваат од два типа на компоненти. Тоа се монотрепените и флавоноидите.

Овие компоненти го прават копарот протективен против слободните радикали и му даваат хемопротективно својство од некои типови на карциногени како бензопирените од чадот од цигарите. Копарот покажува и антибактериски својства, а претставува и вкусен начин да ги потполните калциумовите резерви, бидејќи изобилува со овој макроминерал.

Освен листовите кои се користат како зачин за многу вкусни јадења, лековити делови се и цветовите. Најчесто копарот се поврзува со олеснување на дигестивни тегоби, подобрување на апетитот и лачење на желудечни сокови.

  •  

    Винска тинктура: 3г семчиња од копар ги преливате со 1 дл бело вино и се процедува после 5 дена. Се консумира по една мала чашка (како за ракија) после јадење за подобра работа на цревата и желудникот.

Можете да го консумирате и во облик на чај, па топлата напивка од копар, со додаток на мед смирува и опушта, а хербалистите често го препорачуваат за несоница или ноќни кошмари. Уште една примена на оваа билка е кај мајките доилки т.е. ги стимулира млечните жлезди, а исто така и ги намалува симптомите на предменструалниот циклус.