Надокнадете го спиењето преку викенд

Силно ве охрабруваме викендите максимално да ги користите за да излезете од домовите, да отидете на планина, на скијање, да се прошетате во природа, едноставно кажано да се одморите активно. Меѓутоа ненаспаноста со која се соочува голем дел од младата активна и амбициозна популација може да остави трајни последици по здравјето. Според најновите истражувања, сонот сепак може да се надокнади…

Ненаспаноста, особено во хронична форма, претставува ризик фактор за најразлични заболувања, почнувајќи од метаболни нарушувања и дијабетес тип 2, се до зголемен ризик од појава на некои видови на рак, проблеми со кардиоваслучарниот систем и слично. Освен темните кругови околку очите, недостатокот на сон се отсликува и внатрешно врз ендокриниот ситем, па се намалува активноста на тироидната жлезда, а исто така се покачува и нивото на кортизол како реакција на стресот кој што телото го трпи.

Дури и краткотрајните, акутни епизоди на непреспани ноќи ги даваат истите овие ефекти кои ги набројавме претходно, во некоја поблага форма. Симптоматологијата е пад на либидото, забрзано стареење, зголемени телесни масти и слично.

Една мала ветувачка студија покажува дека сепак за сите ултра-активни, работливи, ноќни и хронично ненаспани птици има надеж. Истражувачите од Универзитетот во Чикаго на субјектите (19 здрави мажи) по 4 дена спиење само 4 часа и 20 минути им дозволувале 2 дена спиење до кога сакаат.

За време на целото истражување била мониторирана инсулинската чувствителност на испитаниците. Иако за време на четиридневниот период нивото на инсулин паѓало, сепак по дводневниот одмор резултатите се враќале на нормала, што укажува дека не е се изгубено и со надополнувањето на потребниот сон, па макар и за викенд можете да го вратите организмот во баланс.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија