Солено, многу солено

Најновите истражувања покажаа дека скоро секој од нас треба да крене рачна со јадењето на сол.

Овој викенд, на научниот конгрес организиран од The American Heart Association беше изнесено дека прекумерниот внес на сол довело до приближно 2,3 милиони смртни случаеви на светско ниво во 2010 година.

Испитувачите анализирале 247 анкети правени на возрасни особи каде испитаниците го пополнувале прашалникот за целокупното внесување на сол од 1999 до 2010 година. Сè на сè, возрасните особи ширум светот консумирале 4 грама на сол дневно, од сите хранителни продукти. 

Оваа бројка е за два пати поголема од препорачаните 2 грами на ден од Светската Здравствена Организација.

Надлежните потсетуваат дека солта не доаѓа само од соларничето, бидејќи таа е скриена во скоро сите процесуирани и фабрикувани производи.