Што вели науката за губењето на килограмите?

Секоја година се прават по стотици студии посветени на откривање на најефективните начини за слабеење, како да ја одржите тежината, како да бидете поздрави и да имате повеќе енергија. Научниците се сложуваат дека следните неколку промени во вашите секојденевни навики може да ве одведат на патот кој поубава става и подобро здравје. Следуваат пет највлијателни студии од минатата година…

ЈАДЕТЕ РАСТИТЕЛНИ ПРОТЕИНИ

Растителните протеини се здобиваат со популарност во последните неколку години, но сега постои причина повеќе да уживате во нив. Во оваа студија 43 мажи се хранеле со различен појадок: високопротеинска плескавица од легуминози, високопротеинска плескавица од свинско или нископротеинска плескавица од легуминози. Заситеноста после појадокот била најдолга кај првата група.

Всушност комбинацијата од растителни влакна и протеини како во првиот појадок е она што најдолго ќе ве одржува сити и токму тоа ви го препорачуваат научниците како избор на оброк за ситост и енергија.

ПРОБИОТИЦИ СЕКОЈДНЕВНО

Иако веќе се знае дека пробиотиците играат огромна улога во функционирањето на дигестивниот систем во последно време се повеќе се назначува и улогата на пробиотиците во губењето на телесната тежина.

Во една студија е заклучено дека цревната флора може да ги оспори или забрза вашите обиди за слабеење. Во друга неповрзана студија се покажало дека пробиотиците имаат врска со намален БМИ и намалување на вишокот килограми. Најдобар ефект покажале испитаниците кои консумирале барем два различни видови во тек на два и повеќе месеци.

ЈАДЕТЕ ЗДРАВИ МАСНОТИИ

Не постои простор за страв од овој макронутрициенс, особено ако изберете паметно. Истражувачите поставиле над 7000 луѓе на медитеранска диета во различен облик. Едни се хранеле со маслиново масло, втори со јатки, а третите биле на ниско-маслена диета. На крајот од истражувањето сите имале изгубено по некој килограм но групата со маслиновото масло била во предност со најмногу изгубени килограми и најмала стапка на поткожно масно ткиво на стомакот.

ОДРЖУВАЈТЕ ГО МЕТАБОЛИЗМОТ

На сите ни е познато шоуто “The Biggest Loser” кое ги поставува натпреварувачите на нискокалорични диети во комбинација со интензивна физичка активност. Сите губат килограми, но и ги враќаат. Научниците ги следеле ефектите на ваквата диета во тек на шест години и откриле дека овие луѓе вратиле по 30-40 килограми, а метаболизмот се успорил.

Факт е дека брзите диети секогаш дават краткотрајни резултати. Без разлика која диета ја следите секогаш бидете конзистентни и вежбајте регуларно, без екстремности.

ГЕНИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ОПРАВДУВАЊЕ

Ако се огледувате го вашите родители, не значи дека мора да ја имате нивната фигура. Според ова истражување гените немаат најважен ефект врз губењето на телесна тежина без разлика кој метод на слабеење го користите. Всушност вие сами ги моделирате вашите гени во текот на животот во зависност од вашите животни навики што значи дека самите имаате влијание во голем степен над вашата телесна тежина.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија