Наслов

А што со шеќерите од овошјето?

Во целата збрка на шеќерната епидемија, избегнувањето на јаглехидрати и ниско шеќерни диети, често пати и овошјето претставува „жртва" бидејќи луѓето по грешка и него го сметаат за извор на многу шеќери и го елиминираат. Но, што всушност елиминираат?

Експертите се согласуваат дека луѓето консумираат премногу јагленохидрати што допринесуваат до проблеми со дебелината и до низа здравствени проблеми. Но, овошјето како извор на шеќери во никој случај не смее да биде на забранетата листа.

Др. Давид Лудвиг вели дека овошјето во неговата цела форма (непреработено) во никој случај не е поврзано со негативни здравствени ефекти, без разлика колку тоа се консумира. Во друга пак студија, се покажува поврзаност помеѓу поголемиот внес на овошје и намалената телесна тежина и помал ризик од болести поврзани (асоцирани) со прекумерна тежина.

Поради присуството на огромниот број на растителни влакна, шеќерите од овошјето, односно фруктозата се апсорбира многу споро од страна на организмот за разлика од простите и веќе многу пати преработени шеќери.

Да не зборуваме и за сите други бенефити од антиоксидансите, витамини и минерали кои се составен дел од нив.

Ова е само потсетник дека кога се во прашање токму шеќерите, тие никогаш не смее да се гледаат во форма на грамови, туку како целост, бидејќи нивната „амбалажа" ја менува целата приказна.

06 Август 2013

За авторот