Наслов

Регулирајте го шеќерот на природен начин

Слично како и кај останатите хронични болести, дијабетот е резултат од лоша исхрана, стрес, малку или отсуство на физичка активност и недостаток на виталните нутрициенси. Всушност, скоро сите хронични болести се резултат на една долгогодишен процес на дотогашниот стил на живот и диететски навики, што значи дека со нивното поправање ќе се отстранат и голем процент од ваквите болести. 

Бројот на дијабетичари и оние потенцијални константно се зголемува, а тоа во основа значи дека нивните тела ја изгубиле способноста правилно да го регулираат шеќерот во крвта. Како резултат, вишокот на шеќерни молекули, најчесто од брзата храна, се акумулираат во крвта и во виталните органи, предизвикувајќи хронични болести и предвремена смрт. Но, доколку сте еден од милионите луѓе кои се борат со шеќерот во крвта, решението не е секогаш во аптеката.

Во прилог ви потенцираме неколку совети кои што можат да ви бидат од помош за да го надминете проблемот со шеќерот во крвта и да го вратите вашето здравје во нормала.

1. Прво и основно, намалете го внесот на шеќери и омега-6 масни киселини. 
Во секојдневниот живот на многу луѓе оброците им содржат голема количина на прости јаглехидрати како рафиниран шеќер, преработено брашно и растителни масла кои го менуваат нивото на шеќерот и предизвикуваат инфламација. Јаглехидратите се проблематични за телото особено кога не се комплетно искористени, бидејќи кога нема да се претворат во енергија тие остануваат во телото, и се разложуваат до прости шеќери. 

Постручно кажано, кога телото ќе осети глукоза во крвотокот, панкреасот го ослободува хормонот инсулин за да му сигнализира на телото да ја искористи, а доколку не се искористи да ја зачува во форма на гликоген. Штом рецепторите за гликоген се заситат, глукозата продолжува да циркулира низ крвотокот, поттикнувајќи го производството на уште повеќе инсулин.  

Со тоа, не само што се уништуваат гликогенските рецептори туку се преоптоварува и панкреасот, кој го произведува инсулинот и ја трансформира вишокот глукоза во сало. 

Па затоа следниот пат кога ќе ви текне да посегнете по чипс, колачи, кексови, леб и останати продукти со многу јаглехидрати, застанете и изберете ги оние другите, со помала количина на јаглехидрати, но полни со нутрициенси, како овошје и зеленчук, јајца, јатки и семиња, а понекогаш може да конзумирате и свежи полномасни млечни продукти или чисто месо.

Доколку не сте алергични на некој од овие продукти, би требало да го нормализирате шеќерот во крвта, со тоа што нема да создадете токсична средина во вашиот организам, а така и болеста ќе може да се повлече. 

2. Минимизирајте го стресот и релаксирајте ги надбубрежните жлезди. 
Кај многу луѓе преголемиот стрес доведува до продуцирање на премногу стрес хормони кои можат сериозно да му наштетат на ендокриниот систем. А кога ендокриниот систем ќе прекине да функционира и хормоните не се создаваат и регулираат како што треба, па затоа телото ја губи способноста за правилно да ги преработува нутрициенсите, вклучувајќи го и шеќерот. Крајниот резултат е склоност кон високо ниво на шеќер во крвта и евентуално дијабетес. 

Кога сте под стрес, хипоталамусот им сигнализира на жлездите да испуштат кортизол и адреналин. Вишокот кортизол доведува до хормонски дисбаланс во телото, бидејќи тоа ги користи хормоните како прогестеронот за да произведе кортизол. Исто така, премногу кортизол може да ја попречи способноста на телото да го регулира шеќерот, способноста да ги согорува мастите, го зголемува инсулинот, ја потиснува работата на тироидата и предизвикува таложење на масти околу стомакот. 

За да избегнете преголем стрес ви треба оптимален сон и пожелно е да си легнувате пред 22:30 часот за да им дозволите на вашите надбубрежни жлезди да се обноват.

Можете и нутрициски да се опуштите со тоа што ќе изедете малку свеж корен од ѓумбир (изрендан) измешан со половина лажичка мелен црн кумин (Nigella sativa). Овој природен лек е само еден пример за тоа како најпрактично да се релаксирате.

3. Вежбајте редовно, обновете ги цревата и јадете повеќе ”добри” масти.
Еден од најефективните начини да се излечи резистентноста на инсулин е едноставно да се впуштите во што повеќе физички активности. Со многу студии е докажано дека вежбањето е моќен лек при корекцијата на шеќер во крвта, особено со мали дози на високо-интензивен тренинг. Редовното напрегање на мускулите ќе ја зголеми способноста за искористување на инсулинот, со што по одреден временски период ефективно ќе се корегираат и проблемите со истиот. 

Исто така, осигурајте се дека не внесувате храна која што може да ја оштети цревната облога и да предизвика ”кортизолско стомаче”. Таквата храна вклучува пченица и продукти со глутен, зрна, премногу шеќер, генетски модифицирани организми (ГМО) и недостаток на корисни бактерии. Отстранувањето на проблемот со цревата обично е поткрепен со суплементација на пробиотски бактерии, цинк Л-карнозин и амино киселината Л-глутамин, како и со внесувањето на здрави заситени масти и омега-3 масни киселини.

30 Мај 2013

За авторот

Најнови членови

На Facebook