Разоткривање на палео диетата (ТЕДх конференција)

Др. Кристина Варинер е експерт за диети на праисториските луѓе.Нејзиното видео на ТЕДх конференцијата е одговор за тоа колку држи вода новата тренд диета наречена Палео диета.

Главната идеја на палео диетата е дека основниот проблем со здравјето на модерниот човек настанува поради тоа што тој не евоулирал да конзумира производи креирани во земјоделската револуција.

Затоа, храната како житариците, млечните производи и мешунките не се вклучени во палео исхраната, додека од другата страна се прифатливи шејкови направени од модерната технологија.

Кое е поприфатливо решение, одлучете сами во видеото што е направено да се одвојат митовите од фактите за палео исхраната што ја имал палеолитскиот човек и нејзината примена во денешницата.