Пролетни зеленила на вашата трпеза

Како што се буди пролетта, така се будат и веселите бавчички, па изборот, бар за салата е осигуран. Да видиме што и зошто не смеете да утнете оваа пролет за јадење. 

Прокељ – Малите зелкички толку биле популарни во Брисел што нивното име на англиски е Brussels Sprouts (Бриселските никулци). Имаат одлична доза на омега – 3, витамин А, Б6 и витамин Ц. Поврзани се со протекцијата од канцер, срцеви заболувања и одржување на здрав дигестивен систем. 

Зелен чај – Од сите чаеви, зелениот е најмалку обработуван и процесуиран па затоа е најбогат со антиоксиданси. Тој е поврзан со превентивните својства врз дијабетесот, дебелината и срцевите заболувања. 

Босилек – Оваа мала тревка содржи диетални влакна, витамини А, Ц, К, Б6, како и калциум, цинк и железо. Не е лошо за неколку ливчиња и едно стебленце. Се смета дека босилекот има смирувачки моќи со тоа што помага во намалување на хормонот кортизол. 

Зелена боранија – Одличен извор на диетални влакна и фолна киселина. Иако содржи ниски количини на витамини и минерали, таа содржи широк спектар на истите, па заситува од сè што е потребно по нешто.

Маслинки – Перфектен извор на мононезаситени масни киселини, исто како што содржи и маслиновото масло. Тие даваат протекција од артритис, дијабетес и канцер. Разликата на црните наспроти зелените ќе ја прочитате тука

Зелена салата – Минимална бројка на калории, а преоптоварена со други нутри елементи. Пренатрупана со витамин А, природни бета-каротени, витамин К и фолати, нема една единствена причина таа да не се наоѓа на дневното мени.