Повеќе диетални влакна, превенција за мозочен удар

Новите студии сугерираат дека јадењето повеќе храна богата со диетални влакна може да биде превенција од мозочен удар.

Бројките, извлечени од осум опсервациони студии, покажаа дека зголемување на внесот на диетални влакна за само 7 грама повеќе на ден, го намалува ризикот од прв мозочен удар за 7 проценти.

Научниците велат дека и двата типови на диетални влакна, растворливите и нерастворливите во вода, учествуваат во намалување на ризикот од мозочен удар, но не се знае кои од нив е пополезен тип за превенирање на оваа состојба.

Според претходни студии, просечниот маж внесува 17, а жена 13 грама на диетални влакна на ден и со накачување на овие 7 грама, секој од нив би дошол во препорачаната граница за дневните потреби на овој нутрициенс.

А тоа и не е некоја невозможна мисија. Зборуваме за едноставно заменување на белиот со полнозрнест, интегрален леб и зголемување на овошјето и зеленчукот од една на две порции на ден.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија