Печурки и полнети зелени пиперки

На здравје!

 
  • 9 парчиња големи шампињони
  • 4 парчиња средна големина зелени пиперки
    Сос
  • 200 г мешано сирење
  • 1 парче лук
  • Половина црвена пиперка
  • 2 големи лажици павлака
  • 5 парчиња блитва
  • Темјан
  • Црн бибер
  • 100 г кашкавал
  • Микс на семки (сончогледови, тиквини, сусам)
 

Подготовка

1. Исперете ги печурките и отстранете ги дршките. Ставете ги во сад за печење и зачинете со темјан и црн бибер.

2. Исперете ги пиперките и отворете ги кај дршката оставајќи еден сантиметар за да може да се затвори. Отстранете ги семките.

3. Подгответе го сосот за печурките. Измешајте половина лук ситно сецкан со 100 г. сирење, сецкана црвена пиперка, 1 голема лажица павлака. Ставете го сосот во печурките и покриј ги со парче кашкавал.

4. Подгответе го сосот за пиперките. Пресечете ги дршките од печурките и заедно со блитвата ставете ги во тава. Зачинете со црн бибер. Динстајте ги 5 минути, отстранете ги и оставете ги да се оладат.

5. Во меѓувреме останатата половина од лук исецкајте го и замешајте го со бело сирење, голема лажица павлака и рендан кашкавал. Кога блитвата е доволно оладена додајте ја во миксот со сирење и измешајте убаво.

6. Наполнете ги пиперките со сосот и ставете ги во сад за печење. Горниот дел на бабурите ставете го под агол да не истече сосот.

7. Ставете ги во претходно загреана рерна на 190 степени, 20 минути.

8. Пред да ги послужите попрскајте ги со миксот од семки.

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија