Останете сити подолго време
Она што ви потребно кога се ослободувате од вишокот килограми е да најдете начин да бидете сити, а да не консумирате премногу калории. Вашата приказна со слабеењето може да биде со среќен крај, а попатно не мора да бидете истоштени и прегладенети…
За долготраен ефект и успех во вашата мисија за анулирање на вишокот килограми од особено значење е да бидете сити, наместо прегладнети и да го барате најмалиот извор на калории. Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат оброкот да го издизајнирате така што ќе останете сити подолго време и ќе консумирате поздрави калории
ПРОТЕИНИ, МАСТИ И ДИЕТАЛНИ ВЛАКНА
Кога си подготвувате оброк трудете се истиот да се базира на некои од овие макронутрициенси, наместо на јаглехидрати. Протеините и мастите важат за подолготраен извор на енергија, а диеталните влакна даваат волумен и овозможуваат да се чувствувате сите подолго време.
ХРАНА СО ВОЛУМЕН И МАЛКУ КАЛОРИИ
Токму таква храна се свежото овошје и зеленчук. Тие спаѓаат во категорија која додава помалку калории, а придонесува да се чувствувате сити подолго време заради високата содржина на диетални влакна. Освен волумен, диеталните влакна ја успоруваат апсопцијата и подолго време го одржуваат апетитот под контрола.
НАПОЛНЕТЕ ЈА ЧИНИЈАТА
Се што планирате да изедете ставете го во една чинија. Психолошкиот момент е ообено важен. Вашиот мозок ќе регистрира дека добивате адекватна количина на храна.
УСПОРЕТЕ ГО ЈАДЕЊЕТО
Не брзајте за да го изедете оброкот и да завршите со таа „обврска“ во денот. Истражувањата велат дека луѓето што јадат поспоро и се фокусирани на храната што ја јадат, внесуваат помалку калории.
ОДМОРЕТЕ 15 МИНУТИ ПРЕД РЕПЕТЕ
И веројатно нема ни да го посакате повторно. Едноставно ако не оставите доволно простор за комуникација помеѓу стомакот и мозокот дека сте сити може да се прејадете, без воопшто да ви е потребно репете. Секогаш чекајте барен десетина минути пред да си наполните втора чинија.
ХИДРИРАЈТЕ СЕ
Секогаш пијте вода. Без разлика дали е пред оброк, по оброк или помеѓу оброците. Волуменот на водата што ќе ја испиете може да даде чувство на ситост подолго време, а и на телото му се потребни течности за да функционира беспрекорно.
СЛУШАЈТЕ ГО ТЕЛОТО
Најважно од се е да го слушате телото кога ќе ви покаже дека е доста. Ако сте присутни и обратите внимание самиот организам ќе ви испрати сигнал дека е доволно. Ако храната повеќе не ви е вкусна како на почетокот од оброкот, ако го спуштате приборот за јадење или имате потреба да направите пауза за време на јадењето веројатно веќе сте сити и треба да си кажете стоп.