Комерцијален текст

Од вашиот избор на храна зависи вашето здравје!

Добрата исхрана е важен дел од вашиот начин на живот. Во комбинација со физичка активност вашата исхрана може да ви помогне секогаш да се чувствувате здраво, полни со енергија.

Брзото темпо на живот допринесе често да забораваме на себе, храната да ја внесуваме само колку нашиот стомак да не врти на празно, а и на она што ќе го внесеме воопшто не му даваме значење. И одеднаш се чувствуваме неубаво во својата сопствена кожа, како предвремено остарени, уморни, депресивни со вишок килограми, полека стануваме склони и на болести, одеднаш нашиот имунитет е слаб, кашлиците и настинките ни стануваат дел од нашето секојдневие, а ние се прашуваме зашто?

Очигледно е, нашите навики се лоши. Прашајте се што сте направиле денес, што бил вашиот оброк, колку витамини и минерали внесовте. Одговорот ве исплаши?!

Но никогаш не е доцна да ги смениме. Да не чекаме да стигнеме до моментот кога треба нешто да лечиме, да го смениме животниот стил, почнувајќи со исхраната!

Здрава органска храна = БИОкулт

Добродојдовте во нашиот специјализиран центар за здрава органска храна БИОкулт!

Веќе четврта година успешно и неуморно се трудиме да го доближиме здравиот начин на исхрана до македонските граѓани, веруваме дека и успеваме. Луѓето се повеќе ги гледаат придобивките од здравиот начин на исхрана. Токму и затоа ние го зголемуваме бројот на маркети се со цел да бидат поблиску до вас, и вие да бидете дел од органскиот свет.

Специјализираните продавници за органска храна БИОкулт се наоѓаат во Градскиот Трговски Центар на вториот кат, во Тафталиџе позади Веро, во Капитол мол, како и спроти City mall во Карпош. Овде не застануваме БИОкулт и понатаму ќе ја шири својата мрежа на маркети.

На рафтовите во овие маркети ќе најдете преку 2000 производи, сурова и супер храна, житарки, ладно цедени масла, органски мешунки, намази без конзерванси, чоколади, слатки без рафинирани шеќери, природни органски сокови, напитоци од житарки, храна за најмалите без адитиви, природна козметика без парабени, средство за домаќинство, еколошки без штетни хемикалии, безглутеински производи за сите преосетливи на глутен, се само дел од палетата на органски производи. Изборот е навистина голем и за сечиј вкус, а нашиот професионален тим ќе ве воведе во светот на органската храна.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија