Обиколени со вишокот

Прекумерната тежина и дебелината одамна претставува закана по здравјето на многу луѓе. Овој проблем особено е присутен во последните години каде енормно се зголемуваа популацијата која страда од овие состојби.

Причинита за бројките подоле и нивното вртоглаво растење можеме да ги посочиме во многу фактори, како на пример, Енергетски концентрираната храна, намалената физичка активност, стресот, начинот на живот и многу други.

Според светската здравствена организација, луѓе со БМ Индекс (бодимас индекс) поголем или еднаков на 25 припаѓаат во категоријата со прекумерна тежина додека оние над 30 се дебели.

Еве неколку факти кој го обиколуваат нашето глобално општество..

  • Гојазноста на глобално ниво двојно се зголемила од 1980 па наваму.
  • Во 2008 повеќе од 1,4 милијарди луѓе на возраст од над 20 години се наоѓаат во категоријата со прекумерна тежина. Од оваа група 200 милиони мажи и 300 милиони жени се дебели.
  • 65% од светската популација живее во земји во кој дебелината и гојазноста се причина за смртност повеќе отколку неухранетоста.
  • До 2011 година повеќе од 40 милиони деца под возраста од 5 години се со надмерна тежина
  • Прекумерната тежина и дебелината се еден од 5-те водечки фактори за смртност на глобално ниво. Најмалку 2.8 милиони возрасни луѓе умираат како резултат на дебелината.
  • 44% се од дијабетес, 23% од исхемични напади, и помеѓу 7 и 41 % од одредени канцери кој се поврзани со овие состојби.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија