Носталгија по едно гурманско минато

Прикаската оди вака: На еден од нашите скорешни постови (македонската страна на лебот) имаше подолг коментар од еден наш читател со име Кирил Лазаров (не, не е ракометарот, друг е). Одлучивме да го споделиме!

Пишува Кирил Лазаров од КратовоАко се вратиме малку поназад, повеќе од триесетина години ајварот не беше толку присутен на македонската трпеза, во зимниот период, главен адут беше живата туршија, зелка и расолница, по некое каче со круши – тутњаци, сушелките од кајсии, модри сливи, јаболки и суви црвени пиперки кои беа посебен специјалитет со варени компири, лук и сув магданос, крупна сол и некогашниот зејтин – права лутика.

Зборот ми е дека во сите овие производи беше сè во нивниот состав, природни состојки на овие плодови. Тука го изземам качето со ложено свинско месо и обесените домашни колбаси и пушена свинска сланина. Обесената пастрма овча и обавезната бочва вино домашно црвено во зимник многу далеку од замрзивачи – кое после убавиот ручек служеше за контрола на “крвниот притисок и нормалната работа на срцето ” посебно во недела со пастрамајка Кратовска.

Кире лиги ни потекоа!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија