Наслов

Ноќните гревови во кујната - искупени

Според најновите размислувања на светските нутриционисти, ноќните посети на фрижидерот може да ви бидат и од полза, секако доколку паметно изиграте.

Кажано, повторено, прекршено, повторно кажано, повторно прекршено е правилото дека ноќните ужинки треба да се избегнуваат ако се обидувате да ја одржете вашата фигура. Дури и научно на експериментални глувчиња е докажан фактот дека земање оброк непосредно пред да се сместите во кревет ќе придонесе за неколку сантиметри плус на места каде што не сакате.

Истражувачите од Салк Институтот за биолошки испитувања заклучиле дека ова се должи на пореметување на регулаторните гени во црниот дроб - метаболниот центар и нарушување на 24 часовниот циклус на овој орган и целиот процес на метаболизирање.

Но понекогаш малите ноќни закуски можат да ви бидат од полза, ова важи ако паметно изиграте и ако ја изедете правилната храна. Според Џефри Морисон, советник за нутриција во тимот на Екинокс, повеќето мали оброци на ден ја поткренуваат целата метаболна машина, па дури и ако еден од тие оброци е непосредно пред легнување, а најголем акцент паѓа на квалитетот на ужинката, а потоа и на квантитетот. Дали часовникот покажува полноќ е ирелевантно според Морисон.

Еве ги трите правила кои треба да ги испочитувате, ако сакате да го искупите полноќниот кујнски грев:

1. Помножете ги со нула простите шеќери. Тоа значи дека оброкот треба да биде составен од комплексни јагленихидрати кои нема да направат нагли шеќерни осцилации и богат со диетални влакна. 2 тврдо варени јајца, шолја киноа или кафеав ориз, овошје со бадемово млеко, мал протеински шејк се дел од предлозите што се вклопуваат во овиј профил.

2. Енегрија за утре. Протеините од високо протеинската ужинка во ноќта ќе ги потхранат мускулите, а утрото ќе биде совршено за да ја посетите теретаната полни со енергија.

3. Перфектен тајминг. Одлично време за последен оброк е еден час пред легнување. Немојте да јадете и во истиот миг кога ќе завршите да ја ставите главата на перница. Така ќе си обезбедите и подобар сон, лептинот и грелинот (хормони за регулација на ситоста и апетитот) ќе го дадат потребниот сигнал и сонот полесно ќе дојде. Доцните лесни ужинки делуваат позитивно и кај оние кои патат од инсомнија.

22 Ноември 2013

За авторот