Намирници кои ја зголемуваат мускулната маса

Зголемувањето на мускулната маса зависи од начинот на исхрана во комбинација со вежби. Исхраната која ја предложуваат нутриционистите ширум светот, може да ви помогне во постигнување на саканиот изглед.

 

Јајца

Јајцата се богат извор на протеини. Едно јајце содржи од 6 до 8 грама протеини. Тие исто така се богати и со витамини, цинк, железо, калциум, па затоа претставуваат еден од основните продукти кои помагаат во исхрана на мускулот, а последователно и негово зголемување.

Пилешки гради

100 грама пилешки гради содржат 30 грама на протеини и минимално количество на масти. Пилешкото месо е релативно евтино, лесно и брзо за подготовка.

Лосос

Лососот е исто така, богат извор на протеини, но содржи и голем процент на омега-3 масни киселини. Комбинацијата на протеини и омега-3 масни киселини е добра формула за градење на мускулната маса.

Брокула

Ставете ја брокулата и други видови на зеленчук (спанаќ, домати, пченка, пиперки, кромид и праз) на листата продукти кои ќе ги консумирате по тренинг. Треба да се јадат од 5-7 порции на овошје и зеленчук дневно.

Урда

Урдата е еден од најзначајните продукти кои може да помогнат во изградба на мускулите. Една порција урда содржи 28 грама протеини.

 

Чоколадно млеко

Се чини премногу добро за да биде вистинито, но чоколадното млеко помага во изградба на мускулната маса. Во една студија се вели дека чоколадното млеко влијае на спортистите на истиот начин како и спортските пијалаци кои се употребуваат при тренинг, односно помага во зголемување на енергијата за време и по тренингот.

Леќа и леблебија

Кој вели дека мора да консумирате месо за да внесете протеини?! Овие вегетаријански продукти изобилуваат со протеини кои им се потребни на вашите мускули.

Бадеми

Бадемите претставуваат добар извор на масти и протеини, но она кое е од особено значење за исхрана на мускулите, е витаминот Е кој го содржат. Витаминот Е претставува моќен антиоксиданс кој се бори со слободните радикали и помага во брзо надминување на тешкотиите по тренинзите.

 

Вода

Водата не е храна, но хидратацијата е многу значаен елемент за правилна изградба на мускулите. Телото на човекот е составено од 70% вода, а мускулното ткиво од 75% вода. Одржувањето на хидратацијата на мускулите, помага во зголемување на силата, зголемување на енергијата, а исто така и во правилното варење на храната.

Ананас

Ананасот помага во намалување на воспаленијата на мускулите и затоа е препорачливо да се консумира по тренинзите.