Мрзата е крива за сè

Зголемената популарност да се јаде храна која не сме ја подготвиле сами се смета дека претставува еден од клучните фактори за „епидемијата“ на дебелеењето.

Просекот на калории консумирани на ден во Америка скокнал за повеќе од 20% од 1970 година, а тоа е најмногу така не само со поради зголемена консумација на шеќери, туку и на масти, житарки и брашно.

Според нутриционистот Џејн Броди, проблемот е повеќеслоен и бара пристап кон различни моменти, но еден од главните фактори кои во текот на годините допринел до скокот во калорискиот внес смета дека е зголеменото јадење на храна која некој друг ни ја зготвил.

Во изборот што се нуди во рестораните и фаст фуд ланците се кријат огромна бројка на калории кои луѓето со задоволство ја консумираат затоа што не се мачат истата да ја зготват. А порциите се богати со скриени масни додатоци, сол, многу малку се покажуваат вистинските калориски „тежини“ на менијата итн. 

Според неа, јадењето на еден оброк надвор од дома на неделно ниво, за просечен човек би допринел до зголемување на тежината за 1 кило на годишно ниво.

Затоа, сè почесто се алудира популацијата да се сврти кон готвењето на храна во домашни услови од непреработени состојки.