Наслов

Мраз диета

Како вовед во летните горештини (иако уште се шетаме со јакни) еден нов принцип на држење диета.

Целата идеја се родила кога доктор Брајан Вајнер, гастроентеролог, решил да симне некој килограм. Бидејќи диета и сладолед не одат заедно, докторот се откажал од својот омилен десерт и го заменил со сорбет - засладен смрзнат џус, пире или цело овошје сомелено како сладолед, но не содржи јајца или млечни производи т.е. она што ние си го нарекуваме овошен сладолед.

Доктор Вајнер сфатил дека во калориската вредност на сорбето не е пресметана и потребната енергија која телото ја троши за да го стопи смрзнатиот десерт. По неколку истражувања добиена е бројка од 160 калории на литар мраз или истата калориска вредност како да сте истрчале 2-3 километри. Не е за потценување, нели?!

Всушност мразот го зголемува базалниот метаболизам, бидејќи на телото му е потребна поголема енергија за да ја стопи смрзнатата храна. Исто така сорбето кое го спомнавме е прилично сиромашно со калории и плус колку толку мразот може да го задоволи апетитот. Докторов препорачува максимална доза од 1 литар мраз дневно.

Извор

04 Јуни 2014

За авторот