Млечни vs. растителни „млечни“ производи

Кога во продавница ќе се фатите за грутка сирење со екстремно ниска цена и ќе бидете благодарни дека некој ви го поштедил џебот, можеби ќе сакате да прочитате во составот дали навистина тој некој ви направил услуга.

Сирењето, кашкавалот и урдата и од млечно и од растително потекло често се продаваат заедно на рафтовите, а од друга страна се случува и нивните амбалажи да бидат неверојатно слични и на крај да не знаете всушност што сте понеле дома

Во продожение следуваат неколку пасуси за тоа како да разликувате млечни од растителни кашкавал и сирење.

  • Сирењето кое е со растителни масти е со крадасто бела боја, за разлика од млечното чија бела боја не е толку изразена, а и самата структура му е повеќе лабилна, па полесно пука и при послаб притисок со прсти.
  • Рабовите на грутката сирење или кашкавал кои се со млечно потекло се често заоблени, а тоа е условено од самиот процес на производство, додека на растителните продукти рабовите им се остри.
  • Растителниот кашкавал не е еластичен како оригиналниот, а помек е заради скратеното време на производство. Бојата му е светла до кремава и ја нема карактеристичната природна жолта боја на млечниот кашкавал која потекнува од бетакаротените во храната на кравите.
  • И уште еден добар начин за проверка на вашиот млечен производ е со пресекување со студен нож. Ако станува збор за растителен производ тогаш растителните масла ќе се лепат за ножот, што не е случај со млечните.

Од неодамна Агенцијата за храна во нашата држава во договор со производителите на млеко и млечни производи физички ги одвои овие производи на рафтовите, меѓутоа останува на вас да ја прочитате декларацијата за да не погрешите во изборот на оној прозивод што е по ваш вкус.