Медицински печурки и нивните моќи

Фунги, некои ги јадете само еднаш, но некои ви додаваат сериозна бројка години на животниот век…

Модерната наука веќе некое време се занимава со проучување на полезностите кои ги нудат печурките и нивните биоактивни компоненти. Иако се користат со векови во источната медицина, од неодамна научно се докажани и нивните антиинфламаторни и антиканцерогени способности.

КОРДИЦЕПС (Cordyceps sinensis)

Уникатна комбинација на печурка и гасеница. Традиционално се користи за третман на голема палета заболувања од дијабетес до астма. Модерните истражувања сепак се повеќе се фокусираат на способноста на кордицепсот да го стимулира имуниот систем и антитуморските ефекти кои ги покажува оваа печурка. Од друга страна делува стимулативно за време на тестовите на физичка изржливост, па се препорачува кај ултра атлети.

ЛАВЈА ГРИВА (Hericium erinaceus)

Истражувањата покажуваат дека лавјата грива, име кое го добива заради изгледот, ја подобрува когнитивната функција и меморијата, па широко се користи во азиските земји како мозочен стимуланс. Освен тоа, можно е лавјата шепа да има регенеративно дејство врз оштетените нервни завршетоци. Една студија од 2015 изолирала две ароматични компоненти од оваа печурка, кои индуцираат смрт на канцерските клетки.

МАИТАКЕ (Grifola frondosa)

Оваа печурка покажува регулаторен ефект врз нивото на шеќер во крвта, па често е користи кај луѓе со дијабетес, но и кај оние што се обидуваат да ја намалат телесната тежина. Покажува и антиканцерогена активност, но дополнително ја подобрува и одбрамбената способност на организмот за време на хемотерапија, го намалува паѓањето на косата и гадењето.

РЕИШИ (Ganoderma lucidum)

Некаде позната и како печурката на „бесмртноста“ поради своите квалитети да го успори процесот на стареење. Исто така е силен сојузник и на имуниот систем. Се смета дека оваа печурка е најлековита од сите медицински билки, а се рангира пред жен-шенот како билка која придодава долговечност.

ШИТАКЕ (Lentinus edodes)

Веќе добро позната и кај нас. Шитаке е природен стимуланс и ја поткренува енергијата низ телото. Екстрактот од оваа печурка има благотоворен ефект врз имуниот систем и помага во одржувањето на нивото на холестерол во границите на нормалата. Студиите покажуваат дека шитаке има потенцијална антиканцерогена активност така што ја отежнува пролиферацијата на туморските клетки.

МИСИРКИН ОПАШ (Coriolus versicolor)

Една од најистражуваните медицински печурки, поради ветувачките резултати што ги покажува во склоп на конвенционалниот третман на малигните заболувања во Јапонија веќе неколку децении. Оваа габичка го стимулира имунитетот и ги подобрува симптомите за време на хемотерапијата.

ЧАГА (Inonotus obliquus)

Традиционално се употребува на руско тло и во северните делови од Европа. Чага има силно антивирално дејство, без пропратни токсични ефекти. Ја намалува инламацијата во телото и го стабилизира нивото на воспалителните медијатори.

ОСТРИГА (Pleurotus abalonus)

Популарна во кулинарството, но и со медицински моќи. Високите дози на антиоксиданси во оваа месеста печурка овозможуваат таа ефикасно да ги неутрализира слободните радикали, а со антивиралните карактеристики помага во стимулацијата на имуниот систем.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија