Наслов

Мака - за либидо без мака

Легендата вели дека овој перуански корен бил користен од Инките кога се спремале за битка бидејќи им давал голема сила и издржливост, што останувала и како вишок за походите во постела.

Маката е всушност корен кој расте на Андите во Перу и тоа на многу сурови услови, а продуктот кој се користи е во вид на прав или капсули.

И не делувал маѓично и врачарски кога војниците растурале во битка, туку постои научно објаснување. Овој корен има адаптогено дејство. По дефицинија адаптогени растенија се оние кои клетките ги прават поотпорни на стресогени фактори или со други зборови го адаптираат телото на ново настанатата средина. Со вакво дејство, маката го зголемува имунитетот, ја подобрува дигестијата ги намалува мастите, ја подобрува меморијата и концентрацијата.

Исто така делува и врз хормонскиот статус. Не содржи хормони, но содржи стимуланси на ендокриниот систем, па се користи за подобрување на либидото, намалување на болките во предменструалниот синдром и зголемување на плодноста и кај машкиот и кај женскиот пол. Се препорачува како добар природен начин за регулација на хормоните наспроти хормонските терапии во вид на пилули.

Бидејќи маката делува на ендокриниот систем, иако нема докажани нус ефекти, сепак тоа е поле каде што не се посакуваат големи осцилации. Затоа кога се внесува во секојдневието треба да се започне со помали количини, на пример половина лажича дневно и постепено количината да се зголемува до дневно потребната доза, а доколку почувствувате возбуда, несоница, би требало да го намалите внесот или да престанете да ја консумирате.

18 Јули 2013

За авторот