Мафини со сирење

Клуч за успех е да направите вкусни мафини при процесот на подготвување на тестото. Затоа точно следете ги дадените упатства!

 
  • 260 мл јогурт
  • 90 мл масло од гроздови семки
  • 1 јајце
  • 200г полнозрнесто брашно
  • 1 лажичка пециво за печење
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка босилек
  • 1/2 лажичка морска сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 50г бело овчо сирење или мешано сирење
  • 50г кашкавал
 

Подготовка

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Подгответе 12 модли за мафини на сад за печење.

2. Истурете го брашното, пецивото, содата, солта, биберот и босилекот во еден сад.

3. Во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото и јајцето.

4. Во течните состојки додадете го белото сирење на мали парчиња.

5. Истурете ги течните состојки во мешавината со брашно и мешајте ги сите заедно, но не премногу.

6. Додадете изрендан кашкавал и промешајте лесно.

7. Исполнете ги мафините 3/4 и попрскајте ги со семиња одозгора.

8. Печете ги околу 15 минути. 

Автор

Ilze Timi

Скопје

Македонија