Кога најмногу ви треба рамно меше, избегнете ги овие комбинации

Сосема ви е јасно дека некои прехрамбени продукти доведуваат до несакано дуење, но истиот ефект може да се случи и од некои комбинации кои изгледаат доста наивно…

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ + СКРОБ во оваа категорија спаѓа и пицата, пастата со кашкавал и кифлите со сирење и уште многу други производи бидејќи комбинацијата од тесто и млечен производ е традиционалиот бизнис појадок на денешницата (пекара на секој ќош). Проблемот е во тоа што на млечниот производ му треба долго за да се свари во организмот, а за тоа време скробот почнува да ферментира и да создава гасови. 

Едно решение е да ги избегнувате ваквите комбинации во деновите кога ви е важен изгледот и обемот на струкот и наместо тесто, млечните производи комбинирајте ги со зеленчук. Исто така горчливата храна предизвикува секреција на повеќе жолчка и се олеснува варењето на храната.

ПРОТЕИНИ + ОВОШЈЕ не е погрешно да се јаде овошје за десерт, сепак зборуваме за слатко нискокалорично високохранливо задоволство, но ако истото го изедете непосредно после оброкот ќе се случи слично сценарио од претходото комбо.

За да не се подуете во стомакот или да избегнете несакани гасови, најдобро е овошјето да го јадете соло или барем еден час после оброкот, кога веќе барем еден дел ќе биде дигестиран.

ПРОТЕИН + ПРОТЕИН различни типови на протеини не е препорачливо да се мешаат во еден ист оброк. Генерално протеините се тешко сварлива храна и ако веќе сте го оптеретиле дигестивниот тракт со пилешко, нема потреба како додаток да имате легуминози. Ќе ви треба долго време додека да се опоравите од тешкиот протеински оброк и да се чувствувате лесно и убаво.

Најдобро е да земете протеинска храна од еден извор, на пример белото пилешко збогатете го со микс од обарен зеленчук.