Наслов

Кога многу арно не е на арно

Овие неколку секојдневни продукти се здрави ама не до тој степен како што мислите...

Купечки дресинг за салата без маснотии?

Супер што ќе намалите од количината на масти, но за таа сметка ќе изедете огромна количина на шеќери и тоа најчесто високо фруктозен пченкарен сируп. Заради подобрување на вкусот единствена замена за одземените маснотии кои му даваат богат вкус на преливот е повеќе шеќер, но и емулгатори, конзерванси, адитиви. Со други зборови подобро фатете се за помасната варијанта ако тоа значи помалку шеќери и додатоци...

Житно-млечната утринска комбинација?

Перфектна за здрав и богат старт на денот, но житарките кои ги купувате, иако можеби на нив стои тагот „здраво и природно“ често може да бидат обработени, без богатата лушпа од диетални влакна и збогатени со синтетски витамини и минерали кои можеби телото и не ги апсорбира во таквата форма. Затоа внимавајте на изборот на житарки и барајте интегрални и необработувани.

Оризови колачиња наместо леб?

Читај јагленохидратни колачиња со висок гликемичен индекс! Иако често ги купуваме како замена на лебот кога сакаме да намалиме некој сантиметар во обемот овие колачи имаат многу висок гликемичен индекс. Тоа значи дека откако ќе консумирате оризово колаче во рекорден рок ќе се зголеми нивото на шеќер во крвта, но и во рекорден рок ќе падне, по што ќе почнете да се тресете за храна и неизбежно ќе изедете уште еден оброк за да се стабилизирате.

Крупна риба?

Иако изобилуваат со омега 3 масни киселини кои се одлични за организмот, рибата изобилува и со уште еден елемент од кој сакате да се држите подалеку. Имено, колку повисоко на синџирот на исхрана се наоѓа рибата која ја јадете толку повеќе жива содржи. Најголеми количини на жива се детектирани во туната, лососот, ајкулата, па затоа бидете особено претпазливи со увозната, смрзната риба.

Сејтан?

Се смета за замена на месо, па е многу застапен во вегетаријанската исхрана. Она што може да биде проблем со сејтанот е глутенот кој го содржи, па треба да се избегнува при глутенска интолеранција.

02 Февруари 2014

За авторот