Кога белиот мантил сечка кромид за здравјето на својот пациент

Одиме на час по кулинарство во еден медицински факултет од Америка каде младите докори се стекнуваат со реалните основи на здравата исхрана и учат во народски формат да ја префрлаат мудроста на нивните пациенти.

 

Ваквиот пристап на учење на младите доктори за основите на современата нутриција и здравата исхрана, конкретно здравото готвење не се ништо ново и веќе на големо се вметнуваат во факултетските програми од медицинските факултети во Америка каде реално целата држава има голем проблем со справување со огромниот „струк“ на популацијата.

Идејата е следна, докторот е одлична „алатка“ преку која може да вметне здравиот начин на исхрана во пациентите со кои секојдневно комуницира, а тоа би донело долготраен ефект врз целокупното подобрување на здравје на популацијата.

Сепак, ова ќе се оствари само доколку самите доктори знаат нешто повеќе за здравата исхрана и уште поважно, да знаат конкретно да го практикуваат и споделуваат на „народски“ начин бидејќи ниеден пациент не оди да купи повеќе „комплексни јагленохидрати“…

Затоа, конкретно во медицинскиот факултет Тулан во Њу Орлеанс веќе од 2012 година вметната е програмата каде што младите доктори активно ги учат основните работи за здравата исхрана и пред се` за здравото готвење со што потоа подобро и полесно може да го префрлат ова знаење на нивните пациенти.

Часовите ги води Др. Тимоти Харлан, интернист кој воедно е и кувар, а типичниот час по готвење започнува со основите на биохемија и физиологија но продолжува во готвење, сецкање, дискусии на оваа тема итн.

Во соработка со Харвард, Кулинарскиот институт во Америка на годишно ниво организираат конференција отворена за сите доктори низ државата со истава цел наречена “Healthy Kitchens, Healthy Lives” за која имавме напишано нешто повеќе тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија