Наслов

Како до слабеење без броење калории

Сите калории НЕ се подеднакви. Кога станува збор за одржување витка линија или пак губење на тежина, многумина се фокусираат на броење и пресметување калории. Но многу е поважно фокусот да се пренасочи кон изборот на корисното и квалитетното - во тој случај броењето калории и нема да Ви биде потребно.

Исхраната треба да се третира како “информација” која буквално им зборува на вашите гени, на хормоните и на метаболизмот и го контролира нивното активирање. Тоа што го внесувате во вашето тело има потенцијал да детерминира дали би развиле некоја болест или пак би се здебелиле.
 
Добрата вест е што вие имате целосна контрола врз тоа, па затоа одберете оброк (ова важи и за ужинка) нутрициски богат со квалитетни калории кои ќе работат во полза на остварување на вашата здравствена цел!
 

Јадејќи колаче, на пример, може да предизвикате активирање на гените за болест. Во спротивно, ако изедете една шака сурови бадеми, не само што ќе ви се задоволи чувството за глад, туку и ќе се збогатите со многу минерали: магнезиум, калиум, железо и калциум; како и витамини: ниацин, фолна киселина, витамин Б6 (природен Лексилиум!) и витамин Е - кој е одличен за подмладување!   
 
Настојувајте секогаш да конзумирате избалансиран оброк кој ќе содржи јагленохидрати богати со растителни влакна, протеини и здрави маснотии.

Идеалниот оброк се содржи од:  
70% јагленохидрати: од кои околу 50% отпаѓа на зеленчукот, а останатите 20% на целите зрна, сладкиот компир, или тиквата на пример.
15% протеини
15% маснотии 
 

Не се плашете од маснотии - маснотиите не доведуваат до дебелеење, но изборот треба да биде вистински. Заменете ги лошите маснотии со корисни моно-незаситени маснотии како и оние богати со омега 3 масни киселини. Никогаш не консумирајте транс и хидрогенизирани масти!
 
Омега 3 масните киселини се наоѓаат во оревите како и во суперхраната, коноп. Маслинките и авокадото пак, ги содржат корисните моно-незаситени маснотии.
 
Кога е можно, избегнувајте зејтин (без разлика дали е маслиново масло, или екстра екстра вирџин маслиново масло), бидејќи секој зејтин, без разлика од што е направен, содржи 100% маснотии.
 
Многу е поздраво да ги изедете маслинките како цел производ, отколку да ги примите тие маснотии во форма на масло.
 
29 Април 2013

За авторот