Наслов

Како да ги анулирате постпразничните килограми

Богата трпеза, калорична храна и празни флаши е синоним за добра слава на нашиве простори. Ако ја додадете и физичката неактивност во празничниот период, вагата може да ви стане најомразениот непријател. Како да го забрзате метаболизмот по празниците?

За да се вратите во форма после празниците најважно е да бидете одлучни. Пресуден фактор за покачување на килограмите е големиот број на калории, од кванитативна гледна точка, но и многуте јагленихидрати од квалитативна. Од тој аспект треба да намалите од калориската вредност што ја внесувате дневно, но и да избегнувате слатки, колачи, бели пецива, леб...

Зголемете го бројот на оброци, намалете ја количината на храна

Тргнувајќи од фактот дека организмот троши околку 200 калории за да согори еден оброк, логично е дека повеќе помали оброци ќе водат кон согорување и на повеќе калории. Утрата се погодни за консумирање на масни киселини и белковини, ручекот нека се заснова на протеини и диетални влакна кои потекнуваат од варен, а не пржен зеленчук, а за лесна вечера идеална е комбинацијата од риба и салата. Помеѓу оброците земајте овошje, но не повеќе од половина килограм на ден. Алкохолот во оваа мисија на постпразнично слабеење е забранет.

Пијте многу течности

Одличен период да го зголемите внесот на вода во организмот. Најпрво заради рехидратација на клетките од сите тие пијани непреспиени ноќи. Водата исто така ги измива токсините кои се насобираат во телото и го забрзува метаболизмот. Одберете обична вода или чај, но без додатоци и заблажувачи.

Размрдајте се

Секој вид на активност, па макар и само пешање е добредојден. Забравете на автомобилот и такси превозот и пуштете нога или извадете го велосипедот. Идеално би било да поминете 3-4 пати неделно по еден час во теретана, но ако тоа не можете да си го дозволите потрудете се да имате било каква физичка активност. Битно е пулсот да го качите над 140 кога телото е најефективно во согорување масти и шеќер од крвта.

Совет плус за мрзеливите црева: Секој втор ден една лажица лененово семе измешајте во чаша јогурт. Одберете јогурт со пробиотик за регулација на цревната флора, а ленот ќе ви даде оптимална количина на омега масни киселини и диетални влакна.

И за крај, само бидете упорни. Желбата за нездрава храна се губи веќе после третата недела. Многу овошје, зеленчук и лесни чорби се одлични во периодот на одвикнување од богатите трпези и алкохолот.

20 Јануари 2014

За авторот