Наслов

И на апетитот му треба тренинг

Зацврстете ја врската помеѓу телото и умот за да бидете во целосна контрола и научете да ги слушате повиците за храна и ситост.

Кога сте глади, постои "сакам" или постои "ми треба". Да ја препознаете разликата помеѓу овие два вида на глад е вистински предизвик и основа за добар избор и тајминг на оброците.

Некаде до 5 години целосно сте го слушале телото и домнирала потребата од храна, па кога сте биле гладни дури и сте плачеле за храна и напротив сигурно и сте ја фрлале кога ви давале јадење на сит стомак. Со други зборови децата комлетно ги слушаат внатрешните показатели, а кога станува збор за храната тука се грелинот, кој се покачува кога сте гладни и лептинот кој ја регулира ситоста. Возрасните ја прекинуваат таа врска и повеќе ги следат надворшните показатели, како на пример дека е време за ручек, па јадеме затоа што мислиме дека треба и затоа што сакаме, а не затоа што навистина ни треба храна.

"50% од оброците луѓето ги јадат од емоционални причини. Досада, анксиозност, депресија, стрес, социјални собири и секако целиот тој маркетинг кој вклучува храна се само неколку од причините. Така одржувањето на телесната тежина за многу од луѓето станува проблем, а функцијата на ситоста дискутабилна." според Џеф Морисон, експерт за нутриција.

И сега како да се поврзете повторно со вашето тело? Разберете дека гладот и ситоста се начини на кои вашето тело ви се обраќа. Направете си ментална скала од 1 до 10 каде 1 ќе биде за прејадени до врв , а 10 за мртви гладни. Земете оброк кога ќе бидете некаде да 7-8, но престанете со јадење кога ќе се чувствувате сити, некаде 3-4. Со малку тренинг ова може да ви премине во навика.

Ако чувствувате глад помеѓу оброци, застанете и запрашајте се дали навистина сте гладни. Можеби сте дехидрирани или само сакате дистракција од работата. Прво напијте се неколку голтки вода и направете мало истегање или прошетка. Ако повторно сте гладни можеби и убаво сте слушнале.

Бидете шеф на кујна додека јадете и почнете да размислувате и да ги цените вкусот и текстурата на јадењето. Така побавно ќе јадете и после помлаку храна ќе почувствувате ситост. Се претпоставува дека од отпочнувањето на оброкот додека мозокот да го испрати тој сигнал на ситост се потребни околу 20 минути.

Уште еден битен фактор за баланс на грелинот и лептинот во телото е сонот. Потребни ни се 7ипол до 8ипол часови, добиваме 5 или 6, што не се доволни. Малку сон доведува до малфункција и ви го отежнува следењето на внатрешните сингнали, а и до покачување на нивото на грелин. Затоа наспијте се убаво.

И за крај разбудете го детето во себе и повторно воспоставете ја таа конекција помеѓу телото и умот. НАУЧЕТЕ ПО НЕШТО ОД НАЈМАЛИТЕ ЗА ИСХРАНАТА

 

07 Декември 2013

За авторот