Наслов

ХУМАНИТАРЕН Веган Викенд - МЕНИ

Минатиот викенд се одржа хуманитарниот настан „Со здрава храна за здрава Дана", организиран како дружба со мојата банда блогери и пријатели – љубители на жива и веганска храна – и Здружението на граѓани „Родители и деца". За повеќе информации кликнете тука.

Веселата дружина од Сурово & вкусноАјде да јадемеRaw food MkКетиВалеТањаМарија ППГМарија ЈВ и Здружението на граѓани РОДИТЕЛИ И ДЕЦА- РИД Скопје заедно со Дани

Најпрво САКАМ ДА ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ на сите вас прекрасни луѓе што дојдовте на овој хуманитарен настан и што придонесовте за неговата успешност!

Огромно задоволство ми претставува што масите ги направивте чистка за саат и пол  и што убаво не растрчавте и ни зуевте околу нас со прашања и порачки!  Ептен ме радува што барем некои од вас ми се претставија, но жал ми е што немавме повеќе време за дружење – се надевам ќе имаме и други прилики!

На овој настан собравме 39.650 денари, кои беа донирани за лекување на Даниела Наумова која боледува од рак на дојка.

Благодрност и до Every Day пица бар што ни го обезбедија просторот, Prime Light за убавата музика, и аниматорот за деца од Игротека Тиквичка!

Супер бевте, ви праќаме виртуелни гушки на сите до еден! :)

И како што ви ветивме, следува комплетното МЕНИ од сите јадења кои беа приготвени за овој настан! Рецептите ќе ги додаваме постепено во текот на наредниве денови – ве молиме за трпение! :)

СОЛЕНИ ЈАДЕЊА (за рецепти и фотографии кликнете на потцртаниот текст)

СОЛЕНИ НАМАЗИ И САЛАТА (за рецепти и фотографии кликнете на потцртаниот текст)

ДЕСЕРТИ (за рецепти и фотографии кликнете на потцртаниот текст)

  • Тортички со чоко-банана фил (живи, рецепт наскоро)
  • Браунис (живи)
  • Тортички со морков и крем од лимон (живи, рецепт наскоро)
  • Тортички со јаболко и цимет (живи)
  • Медени срца (веган, печени, рецепт наскоро)
  • Пралини со нутела (живи, рецепт наскоро)
  • Бомбици со нутела (живи, рецепт наскоро)
  • Сникерс (рецепт наскоро)
  • Мафини (веган, печени, рецепт наскоро)
  • Лепче со банана и тиква (веган, печено)
  • Овошни колачиња (веган, рецепт наскоро)
  • Колачиња со портокал и тиква (веган, рецепт наскоро)
  • Парфе (живо)
  • Банана со путер од кикирики и афион (жив)

БЛАГИ НАМАЗИ (за рецепти и фотографии кликнете на потцртаниот текст):

ПИЈАЛОЦИ:

  • Зелено смуди (јаболки, круши, банани, урми, спанаќ, кељ и целер)
  • Овошно смуди (јаболки, круши, банани, боровинки, микс од шумско овошје)
  • Чоколаден шејк (млеко од овесни снегулки, урми, какао)
  • Чај од ѓумбир ака ЃУМБИРКА (рецепт наскоро)   

Благодарност до Маја Аргакијева за фотографиите. Целиот албум од настанот може да погледнете ТУКА.

Сите оние кои сакаат да учествуваат во акцијата, а не можеа да присуствуват на овој настан, можат да уплатат парични средства на
жиро сметката од Здружението Родители и деца- РИД, Скопје,
со назнака – за помош на Даниела Наумова.

Здружение за организирање хуманитарни настани РОДИТЕЛИ И ДЕЦА – РИД Скопје // Жиро сметка – 290100000188323 ТТК Банка //

28 Февруари 2014

За авторот