Хеви метал ама само за на концерт…

…појадокот го сакаме класичен и безметален. Откако се крена прашина околу влијанието на тешките метали врз здравјето и се истите се поврзаа со деменција, болести на срце, невролошки заболувања и аутизам, велнес поборниците Natural News се погрижија информациите околу содржината на тешките метали да ги направат подостапни.

Како до живот со помалку тешки метали? Отстранувањето на тешките метали од телото се изведува преку процес наречен хелирање и иако постојат медицински средства наменети за таа цел, сепак возможно е истото да се изврши и преку исхраната, со детоксификација.

Како тешките метали пристигнуваат во телото на прво место? Најчесто преку исхраната. На пример покрупната риба содржи големи количини на жива во своето месо, па ако исхраната ви изобилува со крупна морска риба, веројатно ви изобилува и со тешки метали. Постарите дентални амалгамски дентални реставрации, со тек на време испуштаат од живата која ја содржат. Денес веќе се исфрлени од употреба или оние кои се користат се ослободени од жива.

Загадувањето на воздухот исто така допринесува за наталожување на метали во телото, па се препорачува да ги избегнете индустриските зони. Додатно и некои вакцини содржат тешки метали.

Како да се отстранат? Добрата вест е што преку исхраната може да се намали содржината на тешките метали во телото.

Бентонитната глина има светла боја и се добива од вулкански пепел. Во дигестивниот тракт го апсорбира тешките метали и на крај се исфрлаат од телото преку физиолошките процеси. Одберете високо квалитетна бела глина, додека онаа со помал квалитет се користи за надворешна употреба, како маска за лице, лек за акни и други состојби на кожата.

Сино зелените алги или цијанобактериите се докажано високо ефикасни прочистувачи и хелирачи на тешките метали во човековиот организам и се многу полезни, бидејќи дополнително ги содржат речиси сите минерали и витамини кои му се потребни на човековото тело. Хлорелатаособено се истакнува како добар метален детоксификатор.

Келп кафеаво водено растение која кај нас на пазарот можете да ја најдете во форма на додаток во исхраната, а  има висока содржина на јод и феноли, кои варираат во зависност од местото каде расте. Земањето на оваа алга треба да биде во консултација со медицинско лице заради преголемата количина на јод.

Коренот од чичок исто помага во отстранување на тешките метали од телото, дршките и листовите од коријандерот и лукот со моќниот антиоксиданс алицин, кој е најпотентен ако го консумирате во сурова форма.

Селенот иако токсичен во големи количини, сепак оној милионити дел од грамот кој е препорачан од СЗО е есенцијален за организмот. Селенот помага во хелирање на тешките метали вклучително и на живата. Бразилските ореви изобилуваат со овој минерал.

Уште една вулканска пепел ама во комбинација со морска вода е зеолитот кој има структура како саќе и според неколку независни истражувања, токму таа структура овозможува зеолитот да ги врзе тешките метали и да ги заобиколи другите есенцијални минерали. Ако консумирате зеолит, потребно е да биде прочистен и високо квалитетен.