Наслов

Глог, исплатлив влог за здраво срце

Ова растение во повеќе наврати се покажало како силен сојузник за здраво срце и циркулаторен систем. Еве нешто повеќе за глогот.

Во народната медицина најпрво глогот започнал да се употребува како средство против срцеви тегоби, а во 19тиот век француските и англиските лекари веќе на широко почнале да го признаваат и употребуваат. Тинкурата од глог се појавила во книгата за хомеопатски лекови некаде во Втората светска војна, а после тоа глогот бил цел на многубројни систематски истражувања кои само ја докажале неговата ефиксност.

  • Рецепт за тинктура: 20 гр цветови од глог или 20 гр здробени плодови, 100 мл алкохол. Здробени цветовите или плодовите се преливаат со алкохол во чист стаклен сад и отстојуваат така околу една недела. Се зема 3-5 пати дневно, по 15 капки од листовите или 5 капки од плодовите на коцка шеќер, по претходна консултација со лекар.

Важно е да се напомене дека долготрајото користење на тинктура или чај од глог може да доведе до неподносливост или труење. Затоа неопходно е тој да се консумира постапно 5-7 дни, по што се прави пазуза 2-3 дни.

Глогот ја јакнее и регулира срцевата работа и е одличен регулатор на крвниот притисок. Се препорачува и при воспаленија на срцевиот мускул (миокардитис) и атеросклероза, а има и поволен ефект кај слабост на срцевиот мускул. Делува и диуретично.

Освен за срцето, глогот е одличен смирувач и на нервниот систем, па се препорачува кај срцеви и нервни болни, при изразени симптоми на менопауза, постари луѓе, несоница, анксиозност во вид на чај од листови глог. Плодовите на глогот во северните земји се користат и во кулинарството, но и во козметиката. Глогот се препорачува за масна или иритирана и вцрвенета кожа во вид на лосион за лице.

04 Ноември 2013

За авторот