Наслов

Француски парадокс - ем кркаш ем не се дебелиш

Не е привилегија да живееш во Франција ако не живееш Француски. Во Париз има еднаков број на салони за долна облека колку и пекарници. Французинките својата лудост по ексклузивни парчиња на долна облека во некоја рака ја користат како добар потсетник за својот изглед и добра линија. Можеби долната облека од црни тантели до некаде ќе ја објаснат мистеријата на францускиот парадокс со обемот на половината.

Кардиоваскуларните заболувања во Франција се многу поретки од било каде, животниот век е долг и само 10% од возрасната популација има проблеми со прекумерната телесна тежина. Овие статистики никако не прилегаат наспроти надалеку прочуените гурмански навики и расположенија, слабата заинтересираност за физички активности и применување на било какви диети.

Кај Французите храната е дел од традицијата и во неа се ужива како во нешто свето , а оброкот е свечен момент. Кај Англосаксонците храната е само гориво што му дава сила на нашето тело и толку празна рутина без почит и уживање.

Французите уживаат во семејни трпези, дури 75% своите оброци ги приготвуваат во домашни услови и поминуваат 2-3 часа на трпеза, поделени во три оброци во доста регуларни тајминзи. Јадењето пред телевизор го сметаат за кршење на правилото за хранење. Храната ја консумираат секогаш бавно, со уживање и во неа и во друштвото. Кај Французите храната е секојдневен ритуал а не рутина!

Тие не се мераклии на брзата храна. Минималниот увоз на хранителни продукти е доказ за нивната традиционалност кон француската кујна која секако е нивна гордост. Тие уживаат во квалитетни производи, а не во комерцијални неквалитетни и несигурни артикли.

Лесно ќе заклучиме дека снобизмот со почитувањето на традицијата е ефикасно оружје во борба против вишокот на килограми. Секако, статистиката дека Француската порција се служи секогаш во помала количина за разлика од Американската е доволен податок за формулата квалитетно, а не квантитетно.

Консумирањето на квалитетни сирења, меса, тестенини во какви не облици и умерени количини на добро вино, пополека со љубов и добри пријатели е солидна мерка за стандардни броеви на вашите парчиња долна облека. Французинките секогаш се гледаат убави наспроти своите физички мани и имаат добри навики да се хранат квалитетно и добро.

13 Февруари 2013

За авторот