Food revolution day за децата во Македонија

На ден 16.05.2014 во ОУ. Владо Тасевски во Скопје во 12 часот, во организација на фондацијата за храна на Џејми Оливер, преку платформата FOOD REVOLUTION со неколку настани се одбележи „Денот на револуција во исхраната”.

Организацијата Food revolution која е основана во 2010 година претставува движење што овозможува луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава храна да се обединат во рок од 24 часа за да се обидат да влијаат глобално со свои авторски настани. Во Македонија оваа платформа се организираше во повеќе градинки и училишта со цел да се искористи денот за подигнување на свеста околу важноста од добри училишни програми за исхрана како здрава храна во кујните на училиштата, градинките и воопшто во заедницата.

Настанот започна со едукативни часови во сите градинки низ Р.М за важноста на здравата и домашно приготвена храна, интерактивни боенки, игри, прикази, заедничко готвење на салатата „Виножито” во палачинка и припрема и засадување на мала органска градина со што децата имаа можност да бидат дел од светската иницијатива и интерактивно да учат за здравите навики и перцепции.

Одбележувањето започна во градинката Срничка во Аеродром каде сите 100 деца го готвеа рецептот Виножито, а во готвењето се приклучи и амбасадорот Маја Лазаревска и Министерот за Труд и социјална политика Диме Спасов.

По настанот во градинката, Денот на револуција во исхраната продолжи со централниот настан во ОУ Владо Тасевски, во соработка со компанијата Тинекс, општина Карпош и Арт-М продукција, каде најмалку 100 деца го готвеа рецептот „Виножито” и воедно одлично се забавуваа.

”Јас сум една од амбасадорите во Р. Македонија на Фондацијата за храна на Џејми Оливер и своето време волонтерски го вложувам во креирање на настани кои имаат за цел да ја променат перцепцијата за храната и со мали чекори од најмала возраст децата да се едуцираат да го направат правиот избор. Сите овие настани се моја замисла и дел од една моја визија која години ја негувам. Сите мои замисли стануваат реалност со поддршка на волонтери, супер мајки, компании, институции и огромна благодарност до сите нив”, изјави Маја Лазаревска.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија