Еден поинаков рецепт

Само во првата половина од минатата година биле препишани и издадени рецепти за околу 8.8 милиони лeкови, според податоците на ФЗОМ, од кој најголем дел за лекови против висок крвен притисок, кардиовскуларни болести и анксиолитици. И во време кога лековите се пишуваат од ракав, преку океанот, поточно во Њу Јорк се развива една сосема нова програма каде лекарите препишуваат свежо овошје и зеленчук.

Тргнувајќи од фактот дека кога ќе му ги дадете на телото правилните нутрициенси, минерали и витамини, всушност го снабдувате со најдобриот сојузник против болестите, лекарите од неколку болници во Њу Јорк ја препознаваат и ја признаваат медицинската моќ преку стомакот, па во еден идиличен свет можеби во иднина и ние ќе почнеме да добиваме рецепти од матичниот за авокадо, моркови, целер…

За да ги натераат пациентите да се хранат поздраво и да се грижат за своето тело лекарите заедно со рецептот им даваат и купони, секој во вредност од 2 долари. Со тоа го поттикнкуваат пациентот да оди во локалното пазарче и да си купи лекови од мајката природа. Еве што може да ви препишаат докторите во зависност од вашата состојба.

ЛУК ЗА ЗДРАВО СРЦЕ неговиот потенцијал доаѓа од високиот фитохемиски контент, а редовата консумација овозможува покакачување на кардиопротективни компоненти во крвотокот.

АВОКАДО ЗА БИСТАР МОЗОК сосема заслужено авокадото добива епитет суперовошје, но кога станува збор за мозокот авокадото ја има перфектната комбинација. Изобилува со фолати, чии ниски количини се поврзани со депресија, омега 3 масни киселини, чии мали количини значат и помал мозок и витами Е.

БРОКУЛИ И КАРФИОЛ ЗА АНТИКАНЦЕР зелјестите растенија се борат против канцерогените состојќи благодарение на високата содржина на сулфорафани и се смета дека се способни да ги препознаат и деактивираат идните канцерски клетки уште пред тие да имаат можност да се трансформираат. Исто така се богати и со витамини како К и Ц.

ТЕМНО ЗЕЛЕНИ ЛИСТЕСТИ ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ витамините од овие растенија уште во дигестивниот систем се борат против различните патогени микроорганизми и индиректно помагаат во регулација на дигестивната микрофлора. Некои сметат дека овие растенија исто така се полезни при алергиите и воспалителните болести.

МОРКОВИ ДОМАТИ ПИПЕРКИ ЗА УБАВА И ЗДРАВА КОЖА каротеноидите од овие зеленчуци имаат одличен бенефии за кожата бидејќи се депонираат во поткожните слоеви и даваат поздрав тон кај сите оние кои почесто ги применуваат во диетата.

БОРОВИНКИ ЗА НИКОГАШ БОЛНИ полни со антиоксиданси кои ја неутрализираат оштетената ДНК од слободните радикали и спречуваат клеточна смрт. Ако начекате диви имате уште поголем бенефит и повеќе антиоксиданси отколку конвенциналните.