Дувај, да ти видам калории!

Не е битно каква диета држите и колку ригорозно ја терате бидејќи сите планови за слабеење може да паднат во вода поради бавниот метаболизам. Најновата self-tracking алатка има за цел да ја проследи секоја калорија која се каснува и согорува како и рејтот на метаболизам со кој работи вашето тело.

Breezing е мала и лесна за користење алатка која се поврзува со вашиот смартфон и дава детални податоци за метаболизмот на човекот. Според измерените податоци гаџетот може да ви даде точни диететски и тренинг препораки во зависност од моменталниот рејт на метаболизам.

Кажано подетално, апаратчето мери колку калории горите дневно, како варира вашиот метаболизам со текот на времето, бројот на калории што се согоруваат врз основа на метаболизмот и дали диетата ви се поклопува со темпото на метаболизмот.

Технологијата не е новост. Се работи за индиректна калориметрија, која пред овој мал гаџет можеше да се измери само на доктор со посебни големи машини. За разлика од тоа, Breezing е исто како апаратчето за мерење промили на алкохол во крвта и исто толку е лесно за користење.

 

Користењето на вакво помагало во битката со килограмите е добра од една причина. Слабеењето со јадење по одредена шема во зависност од просечно пресметаниот метаболизам на човекот (според висината и тежината) е добар и испитан метод, но тој начин на слабеење може да киксне.

Имено, во одреден период од слабеењето човечкото тело доаѓа до таканаречено плато на слабеење, односно организмот се навикнува на намалениот број на калории од диетата со што го намалува метаболизмот. Во вакви случаеви вие ја продолжувате диетата но резултатите недостасуваат. Затоа, со користење на ова мало апаратче луѓето ќе можат на дневно ниво да ги следат варијациите на метаболизам и навремено да направат промени во диетата и вежбањето.

Breezing моментално работи само на Андроид, а во изработка е апликацијата за Ајфон.