Доктори, назад во угостителско

За да ви стане јасно дека тенџерињата и кутлачите заедно со она што го готвиме и јадеме може да има импакт врз нашето здравје, Харвард реши докторите да ги прати на дополнително образување и тоа не на некакви нови докторски голготи, туку на школо за готвење.

Иако нутрицијата е огромен фактор во хроничните заболувања, таа никогаш не била дел од медицинските факултети и многу мал дел од докторите зборуваат со нивните пациенти за начинот на исхрана.

За да ја оправат утката во школувањето, Харвард се здружи со Кулинарскиот Институт на Америка за да ги научат докторите на малку здраво готвење. Со ова тие имаат надеж дека штом докторите и медицинските работници ќе знаат нешто повеќе околу здравата исхрана, тие ќе можат полесно да ја пренесат важноста од здравото готвење на своите пациенти.

Досега, тие имаат одржано осум “Healthy Kitchens, Healthy Lives” конференции во последните неколку години со што подучиле 400 доктори на здраво готвење и нутриција. Анкетата покажала дека оние што присуствувале почнале самите да си готват оброци, консумирале повеќе здрави и свежи продукти како и имале повеќе самодоверба во консултирањето на нивните пациенти во врска со нутрицијата.

Во Journal of the American Medical Assn. Internal Medicine објавено е дека Американците во текот на историјата направиле драстична промена во своите трошоци. Во 1960 тие трошеле 2,7 пати повеќе на храна отколку на здравствени услуги, а денес тие трошат 2 пати повеќе на здравство отколку на храна. Но, во истиот тој период, дијабетес тип 2, дебелината и хроничните заболувања поврзани со дебелина драматично се зголемиле.

Следната конференција е од 14 до 17 Март оваа година во Калифорнија.