Наслов

Диетата според крвните групи е мит!?

Во 1996 година биохемичарот Петер Д`Адамо ја издава книгата "Eat right for your type" во превод „Јадете правилно за вашата (крвна) група“ која се продава во милиони копии, а заедно со нејзе и митот во кој до ден денес многумина веруваат. Научниците направија дебагирање на грешните податоци.

Според оваа диета, која своевремено се рашири низ интернетот и медиумите и стигна до речиси секого, Д`Адамо тврди дека секоја од четирите крвни групи треба да има различен став спрема исхраната која доминира во секојдневието за да се постигне оптимално здравје.

Па така, за крвната група „А“ беше препорачано да консумира многу зеленчук и овошје и да избегнуваат месо и месни производи, крвната група „О“ (нулта) треба да внесува повеќе месо, а „Б“ и „АБ“ спаѓаат помеѓу некоја од овие две екстреми.

„Секако дека не!“ - рекоа научниците во студијата правена во Торонто која беше правена на над 1500 луѓе. По споредувањето на навиките за јадење според крвните групи и генералните маркери за здравје како холестерол и крвен притисок научниците дојдоа до заклучок дека нема никакви шанси оние кои се придржуваат до овие препораки да се „по дифолт“ поздрави од оние кои не ги следеле. 

Но, има и светла страна на случајот. Сите оние кои ја следеле диетата според крвните групи „А“, „АБ“ или „О“ имале подобри здравствени маркери без разлика на тоа дали ја имале таа крвна група. 

Ова е така бидејќи со мали разлики скоро секоја од овие диети препорачуваат зголемена консумација на зеленчук и чисто (помалку масно) месо, препораки кои ќе ви го подобрат здравјето без разлика на типот на крвната група. 

Не е познато зошто огромен дел од популацијата поверува дека различниот тип на крвна група има различни хранителни потреби. Најверојатно, во коренот лежи идејата каде што секој се смета за специјален и различен од другите, но реалноста е дека сите ние сме неверојатно слични. 

31 Јануари 2014

За авторот