Девојките имаат поголем ќар од повеќе калциум

Иако калциумот како макронутрициенс е важен за растот и развојот без разлика на полот за секој од нас, според опширна канадска студија беше констатирано дека жените имаат поголем ќар од неговото поголемо внесување.

Калциумот е есенцијален нутрициенс важен за правилен развој и раст на коскените структури, а според новата студијата направена од Канадскиот Мултицентар за остеопороза, беше пронајдено дека поголемиот внес на калциум кај женската популација, било преку суплементи или преку исхраната е асоцирано со помал ризик за смрт кај женската популација.

Бенефитот е констатиран кај оние испитанички кои примале дози до 1000 мг. на ден без разлика дали калциумот бил комбиниран со зголемен внес на витамин Д. 

Лонгитудиналната студија на 9,033 Канаѓани од 9 различни градови била следена од 1995 до 2007 година. Според резултатите, жените кои консумирале волкава доза на калциум на ден имале понизок ризик за морталитет, но истите резултати не биле сигнификантни и за спротивниот пол и немало некакви докази дека витаминот Д има некаква врска во ефектот над морталитетот.

Од друга страна, и самите препораки за дневниот внес на овој минерал се токму 1000мг. на ден и 1200мг. на ден за лица постари од 50 години.

Колку за претстава, една чаша млеко (250мл.) содржи отприлика 300 мг. калциум, а и сардините не се лош извор со околу 325мг. на конзерва.