Денес е светскиот ден вегетаријанците!

Ако сте расчистиле со месото и на трпезата имате вкусни и здрави вегетаријански оброци, нека ви е среќен празникот!

 

Започнува месец октомври, што на глобално ниво, преку низа настани се посветува на подигнување на свеста за суровоста кон животните и последиците по здравјето од прекумерено консумирање месо.

Многу студии покажуваат дека вегетаријанците често се хранат подобро, внесуваат повеќе зеленчук, овошје, мешунки и во целост претставуваат поздрава група, споредбено со оние кои консумираат месо. Веге исхраната може да дава бројни придобивки за телото, а причини за да намалите од месото има многу и тоа од еколошко, здравствено и етичко гледиште.

Ако не сте вегетаријанец тогаш дознајте повеќе за овој начин на исхрана на следниот линк: КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВЕГЕ ИСХРАНАТА и прочитајте повеќе за тоа како може барем малку да придонесете за вашето лично здравје, но и за здравјето на планетата, а секако и за похуман однос кон животните на следниот линк: ВЕГАН, АМА НЕ ЦЕЛОДНЕВНО

А ако сте вегетаријанец најверојатно ќе се пронајдете во некоја од овие ситуации:

 

Мора да објаснувате зошто не јадете месо, дебатата трае вечно, а вие само сакавте да се дружите со пријателите.

Секогаш ќе се најде некој што “ќе се фати” за протеините и нема да се пушти.

Знаете дека каде и да сте, во било кој ресторан може да се накркате убаво, затоа што секогаш има вегетаријанска опција.

Кога и да седнете на маса некој од спротива ќе глуми уживање во неговиот стек, мислејќи дека ви течат лиги.

Сите околу вас се потресуваат околу вашата крвна слика која инаку е целосно во ред.

Знаете дека некои од вашите пријатели паничат кога ќе им се најавите на ручек.

“А ако си на пуст остров и имаш само месо?” – и ден денешен ви се мачи од ова прашање.

Секогаш што нема да ви верува дека не јадете “никакво месо. Ни пилешко. Не, не, ни риба”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија