Дали правилно го користите маслиновото масло?

Заблуди и грешки кога станува збор за медитеранското злато… 

Купувате „лајт“ варијанта за да намалите на калории.

Грубо пресметано една лажица од било кое маслиново масло има околу 14 грама масти и 120 калории, а „лајт“ маслиновото масло често е порафинирано и осиромашено од многу полезни состојки.

Не готвите со маслиново заради ниската точка на чадење.

Точно е дека девственото маслиново масло има ниска точка на чадење и не се препорачува за пржење или изложување на високи температури, но сепак слободно можете да го користите кога готвите на средна температура, без никакви последици.

Се олободувате од горчливото маслиново масло.

Горчината во маслиновото масло може да биде индикатор за висока содржина на антиоксиданси, затоа не брзајте да го фрлите маслото кое има малку горчлив вкус. Прочитајте повеќе на следниот линк.

Го чувате покрај шпоретот.

Најголеми непријатели на маслиновото масло се топлината и светлината. Затоа, за да трае подолго, неопходно е да биде сместено во стаклен и темен сад, но и далеку од извор на топлина.

Купувате на попуст голема количина или без да го проверите рокот.

За маслиновото масло се препорачува да се купува во помали количини и да се искористува до 6 недели по отварањето, затоа што доколку неправилно се чува лесно се расипува.

Го проверувате квалитетот во фрижидер.

Заблуда е дека квалитетното маслиново масло ќе солидифицира во фрижидер, напротив оваа реакција ќе се случи со било кое маслиново масло и воопшто не е пресудна за квалитетот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија