Наслов

Чоколадни факти

Во познатата сцена под туш од Хичковиот "Психо" како вештачка крв било користено течно чоколадо... 

За Атцеките зрната од какао функционирале како валута. Со едно зрно си купувале домат, со две авокадо, десетина за зајак, а за една добра празнична мисирка плаќале по сто зрна какао.


Освен како вкусен десерт, во некои луксузни бањи, можете да си приуштите и купка во чоколадо. Се смета дека го намалу стресот и ретенцијата на течности.


Колумбо е првиот Европеец кој вкусил какао како за добредојде од мештаните, кога го закотвил својот брод на брегот на Гуанаја. Ова се случило во 1502 година.


За разлика од белото и млечното чоколадо, темното има горчлив вкус. Темно чоколадо со повеќе од 75% какао тешко се наоѓа по продавниците.


Чоколадото има и значајни улоги на големото платно. Најпознат филм за ова слатко задоволство е "Чарли и чоколадната фабрика" со Џони Деп во главната улога, и "Chocolat" повторно со Џони Деп, според новелата на Јоана Харис.


Топло чоколадо... Во својата ликвидна форма чоколадото е одличен зимски пијалок. Какао, млеко, шеќер, малку шлаг и заборавате на калориите.


Џозеф Фрај е човекот кој во 1847 година ја измислил чоколадната плочка. Сепак неколку години подоцна, благодарение на Џон Кадбури чоколадната плочка станува вистински хит и ден денешен чоколадото доаѓа во овој облик.


 1832, Австрија, Франц Захер ја креирал најпознатата чоколадна Захер торта

Од времето на Втората Светска Војна чоколадото е дел од прехрамбениот пакет што го добиваат Американските војници. За оваа цел било измислено дури и посебно чоколадо, кое не се растопува дури и на повисоки температури.


 Во Амстердам во 1828 хемичарот Конрад Ван Хаутен, успеал да го оддели масниот дел од какао зрното и да добие како во прав. Од тогаш започнува процесот на масовна преработка на какaото.


 Чоколадо со нула калории не постои. Иако еден научник измислил спреј за инхалација кој продуцира чувство дека сте јаделе чоколадо?! Наменет за чокохоличарите кои се ставаат на диета...


Заради високиот јаглехидратен контент чоколадото дава инстантната доза на енергија, па не е чудно да видите некој спортист после натпревар да се слади со парче чоколадо. Исто и Наполеон ова го пратикувал по напорни битки. 

24 Март 2014

За авторот