ДАМИ! ПОДГОТВЕТЕ ГО ВАШЕТО ТЕЛО ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ!

Бременоста не е “БОЛЕСТ” ниту задолжителна дебелина!

Квалитетниот животен стил пред бременоста, го детерминира квалитетот на самата бременост!

 

” Најубавото нешто на светот “!  велат речиси сите дека е моментот кога ќе дознаете дека ќе бидете родител- поготово мајка. Токму затоа е важно драги мои дами да го подготвите Вашето тело за најубавото нешто на светот, изградете го домот на првите 9 месеци од животот на вашето дете.

КАКОВ Е ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ?

Многу мал број на жени размислуваат како живеат ДЕНЕС. Некои не внимаваат што јадат, други не вежбаат, трети не го прават ни едното ни другото, а некои пак се опседнати само со својот изглед и сите заедно се жртви на секој совет кој ќе го слушнат поврзан со ЗДРАВА ИСХРАНА И АКТИВЕН ЖИВОТЕН СТИЛ.
Кај најголем број жени се пали “сијаличката на идеја за здрав живот” кога ќе забременат, почнуваат да се информираат како да го постигнат тоа и на крајот за жал, некои од нив завршуваат со 30-40 кг. во 9 месец , и потоа цел живот мака мачат да ги изгубат, а други пак 9 месеци мора да живеат во стаклено ѕвоно, се чувствуваат болно и примаат терапија за да можат да поминат едвај низ најубавиот процес од животот, некои пак го одложуваат процесот зашто сакаат да си поживеат млади & витки???

НО ЗОШТО???!
Кога може да го подготвите Вашето тело ДЕНЕС , за најубавото Ваше УТРЕ.

Еве неколку совети од лично искуство:

ПОЈАДУВАЈТЕ

Не пропуштајте ниедно утро без да појадувате. Појадувајте во првиот час од кога ќе се разбудите, комплетен оброк кој ќе ги содржи сите хранливи нутриенти и ВНИМАВАЈТЕ ПРИТОА на КАЛОРИИТЕ.
Квалитетниот појадок е прв чекор до стабилно ниво на енергија во текот на целиот ден, и градење на здрава мускулна маса која ќе ви биде НЕОПХОДНА за време на бременоста.

* Внимавајте!Пецивата немаат квалитетни нутриенти. Тоа се прости јаглехидрати кои лесно ќе се претворат во Ваш вишок на масни наслаги, а цедените сокови, овошјето и овесните каши и миксовите од зрна се здрави но, не се комплетни и избалансирани.

ПИЈТЕ ДОВОЛНО ВОДА

Чистата вода-( без вкус, меурчиња, боја, и мирис) е пред се чистач на целото тело (клетки, органи, дигестивен тракт…) и е предуслов за добро чувство и еластичност на кожата- благодет по кој ќе копнеете за време на бременоста, доколку претходно не сте пиеле доволно и правилно вода.

РАСТИТЕЛНИ ПРОТЕИНИ

Протеините се од исклучителна важност за вашето тело пред и за време на бременоста. Тие ни даваат ситост, создаваат антитела, храна се за здравата мускулна маса, а во бременоста се градбена единка за структурата на вашето бебе! Јадете растителни протеини, затоа што лесно се апсорбираат, немаат маснотии и проемногу калории и адитиви како што има во продуктите од животинско потекло. Важни се и за матката, поготово за нејзино добро затворање за да имате безбедна и стабилна бременост.

ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА

Витамините и минералите ни се потребни во секојдневниот начин на живот. За жал не можеме да ги внесеме во доволна количина преку традиционалната исхрана, а премногу и пребрзо ги трошиме поради динамичниот начин живот за секого во секојдневието. За време на бременоста потребни ни се квалитетни нутриенти (фолна киселина, железо, омега 3 DHA +EPA масни киселини, есенцијални витамини и минерали) кое телото ги двои и му ги дава на Вашето бебе затоа што му се потребни во процесот на развивање (посебно во првите 3 месеци)! Вашите потреби за квалитетни нутриенти ќе се зголемат трикратно, но не и калориите!!! Користете квалитетни, правилно дозирани додатоци во исхрана кои ќе Ви дадат вистински резултати!

ВНИМАВАЈТЕ СО ШЕЌЕРИТЕ И МАСТИТЕ

Тестенце, чоколадце, крофничка, кафенце… ЗАПАМТЕТЕ! не ја храни Вашата клетка ниту пак ќе придонесе за развојот на Вашето дете! Внимавајте со количините на благото и целата пакувана храна, благите, газираните напитоци, и се друго што секојдневно се јаде. Избегнувајте ги продуктите со транс/хидрогенизирани масти. Неповолни се за Вас и вашето бебе. Силно спротивставете се на Вашата “нескротлива” потреба за благо за време на бременоста! Панкреасот си игра со Вас! Тоа значи дека немате квалитетен доручек и дека не внесувате доволно протеини и растителни влакна! Не ги дуплирајте количините на прости шеќери и масти- инвестирате во Вишок сало за време на Вашата бременост од кое подоцна многу тешко ќе се ослободите!

ВЕЖБАЈТЕ ПРЕД- ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ – И ПОТОА

Некои трудници почнуваат со физичка активност за време на својата бременост! Дами, почнете да вежбате денес! Бидете мудри! Избалансирајте квалитетна и правилна исхрана за да создадете здрава телесна маса, и вежбајте за истата да ја обликувате. Тоа е единствениот начин да бите уште ПОУБАВИ , за време на бременоста. Ќе бидете еластични, подвижни, привлечни и ќе му обезбедите сигурен и убав престој на Вашето дете во Вашето тело.

Квалитетното ПРЕД бременост, значи и квалиетно ПОТОА.

Вашата припрема сега е мудра одлука која ќе Ве направи уште поздрава, поубава и попривлечна жена за време и по бременоста.
Зарем не е логично најубавото нешто на светот да не направи нас жените најубави нешта во светот во секоја смисла и секое ниво!
Само треба да бидеме реални,

80% исхрана + 20% физичка активност
=
100%
СОВРШЕНА ЖЕНА, ТРУДНИЦА И МАЈКА