Наслов

Анти-пестициден водич за купувачи

За да една овошка или зеленчук биде таква каква што е на рафтот во маркетот, свежа и неоштетена, понекогаш е поплавена од пестициди, "заштитни супстанци" од паразитите за нејзе, но штетни за нас и нашето здравје. Како да ги избегнете?

Во продолжение следува едноставен водич за купувачи, кој ќе ви помогне да ги препознаете најпрсканите овошје и зеленчук или таканаречените "Загадените 12" и од друга страна најмаку прсканите "Чистите 15".

Концептот е многу едноставен, лесен за паметење и она што треба да го направите е секогаш кога ќе пазарувате некој продукт од "Загадените 12" да одберете органско производство со цел да го минимизирате внесувањето на пестициди.

Загадените 12 од лево (проширени со кељ и зелени тиквички), чистите 15 од десната страна.

За да не ве збуни пченката и целата ГМО фама околу нејзе, таа е ставена во чистите 15 затоа што најчесто не е прскана со пестициди и онаа пченка која ја наоѓате во секцијата за зеленчук најчесто и не е ГМО. Напротив, пченкарите производи, тортиља чипсот, високо фруктозниот пченкарен сируп кој се наоѓа речиси во сите газирани сокови и процесирана храна најчесто се од ГМО пченка.

31 Октомври 2013

За авторот