Алпски Сендвичи.ком

Типчето се вика Даниел Клингер и пред некое време се фатил самиот себе како има фотнато голем дел од неговите сендвичи додека шетал по канадските планини. Бидејќи Даниел планинари и качува често, фолдерот со слики станувал се поголем, а збирката се понеодолива за да ја качи на сопствен веб-сајт наречен Алпски Сендвичи. Денес можете да си го постирате и вашиот омилен алпски сендвич само ако ги исполните условите. 

Иако веб-сајтот започнал како комплетна шега, денес тој има доста голема и сериозна збирка (пазете да не се заборавите со кликање) на фотографии од вкусни сендвичи со планинска позадина т.е. локација каде се сликани, но и рецепти од истите.

Во неговата содржина можете да учествувате и вие само доколку се придржувате до неколку основни правила – читајте детали ТУКА. Ако испратите фотографија која не е по правилата и прописите тогаш фотографијата ќе оди во секцијата Denied Sandwiches / Одбиени Сендвичи. 

Ние би му го испратиле нашиов, ама немаме фотка од терен, па затоа ќе треба да го повториме – нешто што нема да ни биде тешко. 

Уживајте на планина и уживајте во вашиот сендвич!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија