3 совети од типката што ја предложи диетата со јадење повеќе

Од неодамна излезе книгата The New You (and Improved!) Diet на нутриционистот Кери Гласман во која се опишуваат нови пристапи во борбата со слабеењето. Таа предлага да ослабиме со јадење повеќе, а беше доволно фина да ни открие дел од советите што се кријат зад кориците.

Кери вели дека проблемот на досегашните диети е тоа што сите до една се фокусираат на храната која ни е забранета за јадење. Со тоа луѓето се здобиваат со негативен став во тоа што го прават и сето тоа носи помалку резултати.

Наместо тоа, таа во нејзината книга пишува за диета која ќе ви помогне да ослабите со повеќе јадење. Доколку се фокусираме на работите кои треба и може да ги јадеме со тоа добиваме позитивно и пооптимистичко размислување кое би ни донело подобри резултати.

Еве некои од препораките кои таа ни дозволи да ги ѕирнеме:

Мерете го вашето ниво на глад
Научете да јадете во правилни пропорции и слушајте го вашето тело, така нема да треба да се фокусирате на прецизните суми на калории кои сте ги изеле. Добар начин за мерење на вашата глад е тоа да го направите на скала од 1 до 10 каде 1 значи дека сте целосно заситени а 10 мртви гладни. Целта е секогаш да бидете некаде помеѓу 4 и 6 и никогаш да не го оставате вашиот организам на екстремите. Доколку гладувате не можете да го направите правиот избор на храна, па ќе изедете што ви дојде при рака.

Не го игнорирајте вашето здравје откако ќе станете од маса
Не е сè во тоа што го консумирате. Никогаш нема да направите прогрес доколку не обрнувате внимание на сите аспекти од вашето здравје, како на трпезата, така и на сите други места. Гледајте доволно да пиете вода, доволно да спиете, а помалку да се нервирате. Доколку направите промена само во вашата диета, а не обрнете внимание на другите фактори како стрес и сон, вие не правите никаков напредок во вашето здравје.

Фокусирајте се на што јадете, а не колку јадете!
Повеќето од јадењата кои ве прават подебели не се воопшто добри за вашето здравје. Па, наместо да ги јадете во мали количини, комплетно заменете ги со здрави опции. Започнете со полнозрнести житарки, зеленчук и овошје кое е богато со анти – оксиданси, диетални влакна, здрави масти и протеини. Доколку се фокусирате на консумирање на здрави работи, вие не само што слабеете туку и ги превенирате разните болести и успевате да изградите поздрава личност. Слабеењето ќе си дојде само по себе.