Наслов

20 факти за појадокот на победниците

Дали знаете дека температурата на свежо снесеното јајце изнесува 71.1 целзиусови степени? Следуваат уште 19 интересни факти за јајцето...

Најскапите јајца се всушност икрата на рибата белуга и достигнуваат цена од 5000 долари по килограм во САД, а најниската им е 250 долари по килограм во Казахстан, главниот производен центар. Ниска, да...


Најпознатиот надреалист Салвадор Дали бил опседнат со јајца што може да се заклучи и од неговите слики каде се често присутни. Музејот, некогашен дом на Дали во родното место Фигерес, Шпанија, на кровот е порабен со гигантски јајца.


 По нарачка на рускиот цат Александар Трети, како подарок за неговата Марија Фјодоровна, познатиот руски златар Фаберже изработил 57 златни јајца, украсени со скапоцени камења. Едно од нив во 2007 година достигна цена од 16.5 милиони долари на аукција.


 Жолчката од јајце е главна состојка во познатиот холандски сос заедно со путерот и сокот од лимон. Исто така жолчката е главна состојка и во мајонезот.


 Белката е незаменлива намирница од кујната за разубавување. Се користи како маска за лице уште од дамнешни времиња.


Џозеф Којл е човекот кој ни го олесни транспортот на јајцата. По занимање уредник на весник, но во 1911 со цел да ѝ стави крај на кавгата помеѓу двајца локални продавачи заради искршени јајца го измислил брановидниот картон.


 Според Кошер правилата за исхрана на јудаизмот јајцата се сметаат за неутрални.


 Контроверзната Лејди Гага на наградите Греми, во 2011 се појави во гигантско јајце носена од страна на четворица мажи.

Главна состојка на првиот десерт на многу домаќинки се белките од јајцето. Станува збор за екстра лесните пуслици кои се прават од матена белка и шеќер.


 Моментално читате за една од најкомплетните намирници во светот. Јајцата ги содржат сите витамини (освен витаминот Ц) и сите аминокоселини.


 Се смета дека првиот омлет го направиле античките романци, го засладиле со мед и му го дале името "ovemele" (од јајце и мед). Името, исто така, е возможно да доаѓа и од францускиот "allumelette" што значи сечило (алудира на тенкиот омлет).


 Една од најпознатите изреки во светот што се однесува на јајцето е следната: "Што е прво, кокошката или јајцето?"


 Се вели дека готвачката капа има по еден набор за секој различен начин на приготвување јајца што го умее готвачот кој ја носи. Сепак се една од најразноврстните намирници.


 Главниот одлучувачки фактор за големината на јајцата е всушност староста на несилката. Во Европа се признати 4 големини на јајца, од 35 грами до над 73.


 По една мисија на НАСА, астрономите изјавиле дека е возможно Универзумот да има јајцевиден облик.

Јајцата се меѓу ретките хранливи продукти кои природно го содржат витаминот Д.


 Според митологијата примордијалниот хаос бил трансформиран во денешниот Универзум преку кршењето на едно јајце. Јајцето е симбол за почеток, раѓање, нов живот во многу религии и едно од главните обележја на Христосовото воскреснување.


 Ксантофил е името на пигментот кој се наоѓа во растителниот свет, а несилките го внесуваат преку исхраната и ја дава жолто-портокаловата боја на жолчката.


Фритата од 1000 долари можете да јадете во еден њујоршки хотел. Се приготвува од 6 јајца, еден цел јастог и кавијар. Во менито ќе го најдете под името "Фритата од зилион долари" 

27 Август 2015

За авторот