Наслов

Зошто шампионскиот појадок треба да содржи жолчки?

Ако сте од оние кои рутински ги фрлаат жолчките од јајцето по јабана мислејќи дека тоа е правиот избор за вашето здравје и обемот на половината, време е да прочитате нешто од понов датум.

Скоро 90 проценти од оние кои ја читаат статијава сметаат дека жолчките од јајцата, однсно нивните големи количини на холестерол се во состојба да ја зголемат количината на холестеролот во крвта и да допринесат до низа на негативни состојби поврзани со здравјето.

Да видиме како, една најобична жолчка од јајце испадна толку „малигна“ по нашето здравје?

Во научни студии, правени пред повеќе од половина век беа извлечени заклучоци дека консумирањето на холестерол и заситени масти води до неминовно покачување на нивоата на „лошиот“ холестерол во крвта кој пак допринесува до разни болести и состојби. 

Повеќе од 30 години Американската срцева асоцијација препорачува количината на холестеролот од исхраната да се лимитира на макс. 300 мг дневно за да се минимизираат можностите од срцеви заболувања, па така човекот, гледајќи ги бројките (една жолчка содржи 185 мг на холестерол) и логично размислувајќи, прави една разумна одлука. Фрли ги жолчките и ќе имаш поздрава исхрана..

Целосно погрешно според студии од понов датум.

Како што науката еволуира, според сè поголема бројка на истражувања крајната линија вели дека холестеролот кој го консумираме не прави некаков видно зголемување на нивоата на холестеролот во крвта.

Напротив, холестеролот кој е клучен елемент од секоја клетка, во најголем дел (повеќе од 75%) е произведен и тесно контролиран од самиот организам (ендогено), а другите 25 % се тие кои доаѓаат од холестеролот од исхраната. И она што е најинтересно е начинот на кој организмот ги контролира овие нивоа.

Постои негативна повратна спрега во целиот систем на делување, па кога човекот внесува повеќе диетален холестерол, телото синтетизира помалку, и обратно, кога внесуваме помалку, телото продуцира повеќе.

Овој шаблон на однесување го имаа поголемиот дел од популацијата (75%), но мораме да напоменеме дека постојат и особи (околу 25% од популацијата) кај кои организмот е „хипер-реактивен“ на холестеролот од храната, односно и малите покачувања на консумираниот холестерол водат до зголемување на нивоата во кравта. Ова се докажува единствено преку подетални и специфични испитувања.

На другата страна, постојат бројни причини токму да вклучите некоја жолчката во вашиот омлет за појадок.

06 Ноември 2013

За авторот